
За компанијата: Paket.mk е интернет супермаркет кој ви овозможува избор на повеќе од 4.000 намирници достапни за достава истиот ден. Сервисот е едноставен за користење – процесот за купување и достава на нарачките е објаснет подолу:
повеќе за компанијата »Најголемиот онлајн супермаркет во Македонија го проширува тимот и бара пикери – спремачи на нарачки – кои ќе работат во магацин во Пинтија, Скопје.
Што ќе работиш:
- Селектирање и спремање на производи според нарачки на купувачи
- Пакување и подготовка на нарачките за достава
- Проверка на квалитет и точност на производите
- Организација и одржување на ред во магацинскиот простор
- Користење рачен скенер или апликација за процесирање на нарачки
💼 Што нудиме:
- Очекувана нето плата: 30.000 – 42.000 денари
- Редовна исплата и можност за месечни бонуси врз основа на учинок
- Работа во современ и организиран магацин, со пријатни услови
- Комплетна обука и поддршка за нови вработени
- Целосно регулирано работно време (40 часа неделно)
- Платено осигурување, годишен одмор и слободни денови според закон
- Слободен ден за роденден + изненадување
- Попуст за вработени
🕒 Работно време:
- 5 работни дена неделно, распределени од понеделник до недела
- Сменска работа, 8 часовни смени
- Ротација на викенди и слободни денови
👤 Кого бараме:
- Одговорна, организирана и детално-ориентирана личност.
- Подготвеност за физичка активност и работа во брзо темпо
- Тимски дух и желба за учење
- Претходно искуство во магацин или логистика е предност, но не е задолжително
- 📍 Локација на работното место:
- Магацин – Пинтија, Скопје (лесно достапна локација со јавен превоз или сопствено возило)
Аплицирај веднаш со пополнување на едноставниот формулар: https://paket.mk/info/kariera
Слични огласи »