Толлакс лого

Сметководител

За компанијата:

TОЛЛАКС ДОО Скопје, една од најуспешните малопродажни компании со 40 годишна традиција, сопственик на ланецот на 20 специјализирани продавници М1киоск, М1медиа, и Поло маркет, поради брз раст на компанијата... повеќе за компанијата »

  • Објавен на 1.2021
  • Толлакс
  • Активен до 09.02.2021
  • Позиција: Економист/Сметководител/Ревизор
  • Локација: Скопје
  • Веб: tollaks.mk
  • Facebook: линк
  • Instagram: m1kiosk

Толлакс ДОО Скопје има потреба од Сметководител:

Толлакс ДОО Скопје во своето портфолио има 14 Продажни објекти М1 Киоск распоредени во централно градско подрачје, Центар, Кисела Вода, Бисер, Универзална Сала,Соборна црква, 1 Поло Супермаркет.
Толлакс ДОО Скопје е генерален увозник за неколку брендови од тобако и кондисторската индустрија.

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
- Комплетно водење на сметководственото работење и контрола на целокупниот сектор согласно законската регулатива како и сметководствените политики на фирмата.
- Следење и наплата на побарувањата од сите правни лица за купопродажба на стоки.
- Изготвување неделен план за плаќање и реализирање на налози во електронско банкарство.
- Изготвување на неделни и месечни извештаи за Генералниот директор;
- Ги изготвува во предвидените рокови сите извештаи кои согласно законската регулатива треба да се достават до Министерство за финансии-УЈП, НБРМ, Царинска управа, Статистика, Завод за вработување и комуникација со истите.
- Изготвување на документација за Плата, пресметка на ДДВ и Данок на добивка.
- Ги врши сите подготвителни работи во врска со годишната сметка и изготвување на истата заедно со финансовиот директор;
- Извршување на сите други задачи и барања од страна на Генералниот директор и во рамки на сметководството и финансиите.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Уверение за овластен сметководител;
- Минимум 3 години работно искуство;
- Познавање и користење на англиски јазик, се смета за преднос;
- Одлично познавање и работа со Excel;

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
- Добри аналитички способности, уредност и одговорност;
- Умешност да се работи со голем број информации;
- Работа во куси временски рокови;
- Способност за индивидуална и тимска работа;
- Одговорна и лојална личност.

Контакт Број            075 426 882

Испратете CV na   [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака ЗА СМЕТКОВОДИТЕЛ

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »