Ерак Груп Дооел е компанија со долгогодишно и меѓународно искуство во областа на транспорт,логистика ,туризам и угостителството . Заради проширување на тимот има потреба од следните работни позиции
MICE координатор за продажба (Состаноци, конгреси, семинари и останати настани)
Потребни квалификации:
- Завршен фактултет, факултет за туризам ќе се смета за предност
- Работно искуство во полето на туризмот, посебно оперативна позиција за настани и конгреси
- Неоходно познавање на англиски јазик, додека познавање на турски јазик ќе се смета за предност
- Добро познавање на работа со компјутер (MS Office)
- Способност за извршување мулти таскинг задачи
- Способност за комуникација со различен тип на луѓе
Опис на работата
Вработениот е одговорен за сите MICE операции (вклучувајќи ги и туристичките групи), подготовка на понуди, работи со менаџерот за продажба за да ги промовира сите услуги и да ја зголеми продажбата, обврзан е да се грижи за квалитетот на услугата и грижата за клиентите.
Кандидатот треба потполно да ги разбира целите на компанијата и одделението за продажба и да учествува во нивното остварување. Одговорностите исто така вклучуваат истражување на дестинациите, развување на идеи за зголемување на продажбата, идеи за промоција за да се промовира туристичкиот производ (услуга) за клиентите.
- Да ги изврши сите операции поврзани со групата, подготовка и доставување на понуда, налог за настанот, буџет за настанот со приходи и трошоци, аранжмани за авио билети и транспорт
- Да изготви целосен финансиски извештај за MICE групата за да се максимизира приходот
- Резервација на авио билети, хотели, транспорт, и други активности поврзани со MICE групата
- Треба да ја искористи секоја можност за продажба на хотелите и транспортерите со кои агенцијата има договори за соработка за да се искористат поповолни услови, за да се зголеми приходот од провизија
- По потреба да работи на оперативно водење на настанот/ групата
- Да планира и направи инспекција на сите потенцијални хотели, ресторани и други места од интерес за настанот
- Да му помага на менаџерот за продажба за останати активности за продажба и операции
- Постојано да го унапредува своето знаење преку учество во разни едукативни програми
- Да учествува во креирање и подготовка на маркетинг и рекламни материјали за промоција на групни и компаниски патувања и настани
- Да изготвува дополнителни деловни задачи и пректи како доплнување на наведените активности доколку е потребно.
Клучни потребни квалитети:
Организираност, прецизност, тимска работа, ажурност, флексибилност, одговорност, лојалност, интерес за усовршување.
Возачка дозвола ќе се смета за предност.
Доколку сте заентересирани испратете го Вашето CV(работна биографија) на следниот меил : [најави се за да го видиш е-маилот] ,со назнака за позицијата за која се аплицира : MICE координатор за продажба.