
За компанијата:
Пивара Скопје АД е една од најстарите и најпрепознатливи компании во Македонија, со традиција што трае повеќе од 100 години. Основана во 1924 година, денес Пивара Скопје е водечки производител на пиво,... повеќе за компанијата »
СМЕТКОВОДИТЕЛ (м/ж)
КОИ СМЕ НИЕ
Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци. Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.
Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.
Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата . Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!
ШТО НУДИМЕ
- Флексибилност во организирање на работното време
- Хибриден модел на работа со можност за работа од дома
- Целосно дигитализиран процес на работа со современи алатки и технологии
- Можност за учење и работа во SAP
- Fit Kit – бесплатна месечна членарина со пристап до 300+ спортски активности
- Годишен бонус согласно корпоративни, локални и индивидуални резултати
- Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси
- Бесплатни компаниски производи за роденден и празници
- 24/7 осигурување од незгода
- Можности за обуки и развој поддржани од две интернационални корпорации
ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ
- Навремено книжење на влезни фактури и одобренија поврзани со набавка на стоки од домашни и странски добавувачи
- Редовна проверка на состојбите со добавувачи и периодична усогласеност на сметки
- Управување со обврски кон добавувачи
- Комуникација со добавувачи и управување со очекувања
- Поддршка во подготовка на финансиска документација и извештаи по потреба
- Соработка со останатите тимови за навремено и точно книжење на трошоци
ШТО БАРАМЕ
- Диплома од Економски факултет (насока Сметководство и ревизија ќе се смета за предност)
- 1–3 години релевантно искуство ќе се смета за предност
- Познавање на SAP и Excel е предност
- Поседување сертификат за овластен сметководител е предност
- Одлично познавање на деловен англиски јазик (задолжително)
- Ориентираност кон детали, точност и прецизност
- Способност за организирање на работни задачи и работа со кратки рокови
- Добри комуникациски вештини и професионален однос со добавувачи
Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај најдоцна до 13.05.2026 г.
Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 40 работни часа. Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати. Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 година.
Слични огласи »