Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува 59 продажни места, додекa во Северна Македонија 8. Во дури 8 фабрики во Хрватска и во странство произведуваме мебел за целокупно опремување на домовите, апартмани, викендици, хотели и работни простори. На тој начин имаме вработено преку 2000 работници од разни профили и подрачја на стручност. Стратешкиот фокус на PRIMA е развој насочен кон зголемување на трговскиот удел во производството и продажбата на мебел, како на домашниот, така и на странскиот пазар. Поради зголемување на тимот, бараме компетентни и добро обучени луѓе насочени кон остравување на резултати, склони на тимска соработка со желба за нови знаења и вештини, и кои би биле заинтересирани за работната позиција:
Раководител на продажен салон во Битола
Очекувани способности и вештини:
• Одлични комуникациски и продажни вештини;
• Ориентираност и градење однос со потрошувачи;
• Mотивирана и стабилна личност;
• Организираност, систематичност и темелност во работата, навремено и креативно исполнување на обврските, чувство за тимска работа и одговорност;
• Позитивен став, професионално однесување и деловна етика;
• Неопходно е работно искуство на иста работна позиција и област.
Одговорности и задачи:
• Развива продажни стратегии, цели и планови со цел да ги оствари предвидените резултати;
• Планира, организира, раководи и врши контрола на тимот за продажба;
• Ги Води и насочува вработените во продажниот салон во планирањето и реализацијата на нивните активности со цел да се достигне планираната продажба;
• Редовно ја следи и оценува работата на вработените во продажниот салон со цел да ги зголемува нивните перформанси и резултати.
Нудиме:
• Едукација и опкружување кое потикнува личен и професионален развој;
• Работа во динамична средина – предизвикувачки и разновидни работни задачи;
• Систем на наградување на успешните вработени;
• Компетитивна плата;
• Пријателска работна атмосфера;
• Работа со тим од професионалци и индивидулаци, кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација.
Биди тоа што си бидејќи го цениме твојот труд.
Цел е да дадеш најдобро од себе, биди таков како што си. Оствари се себеси, исполни и препознај ги своите вредности и примени ги во секојдневниот живот и работа. Ако си задоволен со својата работа, ќе бидеш задоволен и со животот. Тука сме да ти помогнеме на твојот пат кон успехот и остварување на целите. Твојот успех е и наш успех. Од ден до ден, ќе следиме, мотивираме, наградуваме и веруваме во тебе. Ти ја даваме подршката и довербата. Те цениме и разбираме. Се што работиш е важно.
Доколку сакате да станете дел од професионалниот и креативен тим кој што секогаш е инспириран и мотивиран при осмислувањето на решенија за целосно опремување на домот со фокус на желбите и потребите на купувачите Вашата Професионална Биографија (CV) може да ја доставите на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака Раководител на продажен салон во Битола.