
За компанијата: Компанијата е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите...
повеќе за компанијата »Ние во Алма-М веќе 30 години сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.
Алма – М ДООЕЛ
Качанички пат бр.65а, Скопје
www.alma-m.mk
е-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
објавува ОГЛАС за следната нова работна позиција:
ПРОДУКТ МЕНАЏЕР
Датум на објава:
21 Април 2021
Рок за пријавување до
28 Април 2021
Број на оглас:
О-210422-А-БМ
Сектор:
Администрација
Работни задачи:
- Анализира залихи на сите артикли во магацин за одржување на оптимално ниво,
- Прави нарачки за одржување на оптимална залиха во компанијата за брендовите за кои е одговорен/а,
- Изработка и следење на ООС извештај,
- Следи залиха во магацин со критични рокови и информира за нивно решавање,
- Остварува комуникација со сите принципали во врска со работата,
- Ја следи состојбата на декларирани производи и декларации и дава налог за изработка на истите,
- Изготвува извештаи,
- Внесува продажна цена за артиклите во систем,
- Организира транспорт за нарачаната роба и обезбедува потребна документација за увоз,
- Ги следи договорените промо планови и годишни планови,
- Следење и контрола на инвестиции за продажба,
- Ажурирање на ценовници за сите дивизии,
- врши други работи по опис на работно место.
Потребни квалификации и вештини:
- Минимум завршено високо образование,
- Одлично познавање на англиски јазик,
- Познавање и работа со Мајкрософт Офис, особено Ексел,
- Одлична комуникација и професионално однесување,
- Организирана, динамична, проактивна, мотивирана и стабилна личност насочена кон резултати,
- Способност за индивидуална и тимска работа,
- Висока способност за размислување и истражување независно, аналитички и креативно,
- Ефикасно управување со време,
- Чувствува комоција во околина со брзо темпо на работа,
- Позитивен однос кон промени,
- Познавање на ЦФМА софтвер ќе се смета за предност.
Потребно искуство:
- Работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност.
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.
Напомена:
- Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци, период на докажување на способности, со можност за продолжување.
- САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
- Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
- Дневно работно време е претпладне, од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
- Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласот се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
- Ве молиме без телефонски јавувања.
АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.
Слични огласи »