
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »ОПИС НА КОМПАНИЈАТА
Кроациа Осигурување - Живот АД Скопје e прва компанија во Република Македонија со добиена дозвола од Министерство за Финансии за продажба на полиси за животно осигурување. Преку постојано воведување на иновации, нови производи, воспоставување на супериорен систем за грижа на корисници и праведен и брз систем за решавање на штети, Кроациа Осигурување – Живот се издвои како компанија која за македонските граѓани претставува синоним за сигурност и квалитет.
Во име на својот клиент, Декра ја објавува следната позиција: Менаџер за управување со ризик и финансиски контролинг
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Минимум 2 години работно искуство во финансиска институција во областа за Управување со ризик;
- Високо образование - завршен Економски факултет; Смер: Сметководство и ревизија, Финансиски менаџмент или Осигурување;
- Познавање на финансиско работење;
- Познавање на работа во Microsoft Office;
- Одлично познавање на Англиски јазик;
- Возачка дозвола-Б категорија.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
- Одлични аналитички способности;
- Одлични комуникациски, организациски и интерперсонални вештини;
- Способност за работа во тим и исполнување на задачи со кратки рокови.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Клиентот нуди континуирани обуки и можност за напредување, како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги проследат на: [најави се за да го видиш е-маилот]
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 01/12/2017
Слични огласи »