Бато Дивајн: Комерцијалист, Референт за набавка, Графички Дизајнер

За компанијата: БАТО & ДИВАЈН претставува компанија за високо-технолошко печатење, со доследност кон создавање на трајни печатарски импресии. Како проевропски конфигурирана full-service графичка компанија, специјализирана... повеќе за компанијата »

Bato&Divajn Graphic Center водечка компанија во графичката индустрија, го проширува својот тим со млади и амбициозни лица за следниве работни позиции:

 

КОМЕРЦИЈАЛИСТ / АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА;

со одлична можност за унапредување, личен и кариерен развој

Потребни квалификации:

  • Завршено релевантно високо образование;
  • Претходно работно искуство на наведената позиција во сегментот на Б2Б продажба на печатени материјали ќе се смета за предност;
  • Подготвеност за адаптација и учење на имплементираните работни системи, дополнителна аналитичка анализа на барањата за понуди за печатени материјали, изработка на каклкулации и доставување на понуди;
  • Одлично познавање и активно користење на деловен англиски јазик (пишан и говорен), познавање на друг странски јазик ќе се смета за предност;
  • Одлично познавање и напредно работење со апликациите од MS Office пакетот (Word, Excel, Power Point, Outlook);
  • Високо развиени комуникациски, организациски, преговарачки и презентациски способности;
  • Способност за работа во динамично работно опкружување и индивидуално исполнување на поставени таргети за продажба;
  • Лична и професионална ефективност во реализација на повеќе истовремени работни задачи;
  • Подготвеност за теренска работи и чести патувања во и вон државата;
  • Возачка дозвола Б категорија.

 

 

ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР

со одлична можност за унапредување, личен и кариерен развој

Потребни квалификации:

  • Активно познавање и работење во следниве апликации: Аdobe (Photoshop, Illustrator, In Design), CorelDRAW, QuarkXPress;
  • Работно искуство од три години во областа (дизајн и припрема за печат за офсет или флексо печатење) ќе се смета за предност;
  • Завршено високо образовение исто така ќе се смета за предност;
  • Активно познавање на англиски јазик;
  • Изразена желба за развој и создавање на печатени производи со иновативен графички и индустриски дизајн;
  • Флексибилност и подготвеност за работа во тим;
  • Способност за работа во динамично работно опкружување и индивидуално исполнување на поставени таргети;
  • Лична и професионална ефективност во реализација на повеќе истовремени работни задачи;

При аплицирањето пожелно е кандидатите да испратат сопствено портфолио или истото да го достават на увид.

 

РЕФЕРЕНТ ЗА НАБАВКА

со одлична можност за унапредување, личен и кариерен развој

Потребни квалификации:

  • Завршено релевантно високо образование;
  • Претходно работно искуство на наведената позиција во набавка на репроматеријали за потребите на печатница (хартија, бои, лакови и друго), ќе се смета за предност;
  • Одлично познавање и активно користење на деловен англиски јазик (пишан и говорен), (познавање на друг странски јазик ќе се смета за предност);
  • Одлично познавање и напредно работење со апликациите од MS Office пакетот (Word, Excel, Power Point, Outlook);
  • Високо развиени комуникациски, организациски и преговарачки способности;
  • Способност за работа во динамично работно опкружување;
  • Возачка дозвола Б категорија.

 

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените квалификации потребно е да достават (по пошта или e-mail) кратка биографија (CV) и скорешна фотографија со наведување на позицијата за која аплицираат, најдоцна до 20.02.2019 год. на:

 

Графички центар БАТО & ДИВАЈН

ул. Борис Трајковски бр.314, 1000 Скопје,

e-mail: careers@batodivajn.com

www.batodivajn.com

 

* Ќе бидат контактирани кандидатите кои ќе бидат повикани на селекциско интервју. Со праќање на вашата апликација, ja давате вашата согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од страна на компанијата во рок од 1 (една) година.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »