ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надоградба како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.
Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција во повеќе градови на Република Македонија:
Советник за продажба на осигурување
Агентот за продажба на осигурување треба да го познава пазарот на осигурување во Република Македонија, бара и придобива нови клиенти, врши продажба на полиси за различни видови на класи на осигурување, врши теренско организирање на работата, врши анализа на портфолио за правни лица, дава поддршка и помага на осигуреникот околу остварување на своите права од осигурување и се грижи за навремена наплата на премијата на осигурување, ги обновува постојните полиси за осигурување како и одржува контакти со клиентите и ги известува за сите значајни промени во Друштвото
- Потребни квалификации и карактеристики:
Високо образование
Најмалку 3 години работно искуство во осигурување;
Одлични комуникациски вештини;
Ориентираност кон продажба и клиенти;
Професионален пристап кон работните обврски;
Способност за тимска работа;
Доколку сте продажно ориентирани и сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни ваше CV на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “Оглас за вработување на Советник за продажба на осигурување”.
Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото.
Напомена: Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.
Огласот е активен до: 28.03.2019 година.