
За компанијата: Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата.
ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА вработува професионалци од различни...
повеќе за компанијата »Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република Северна Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата.
КАРИЕРА ВО ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА
За во одделот Мерење и MDM, бараме:
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА СИСТЕМИ ЗА БРОИЛА СО ДАЛЕЧИНСКА КОМУНИКАЦИЈА (М/Ж)
Работни задачи:
- Работа со т.н. паметни броила (smart meters), односно броила и системи (софтвери) со далечинска комуникација (GSM, GPRS, LTE, PLC и останати телекомуникациски технологии),
- Спроведување на евалуација на броила и модеми во однос на комуникацијата, водење статистика за квалитетот на далечинската комуникација кај броилата
- Спроведување на обуки за комуникација со броила
- Проверка и одржување на далечинската комуникација со постоечките броила / модеми инкорпорирани во системите за далечинска комуникација
- Внесување на нови клиенти (броила / модеми), отчитување, исклучување / вклучување и изготвување на извештаи и биланси на ЕЕ во/од системите за далечинска комуникација
- Поддршка со податоци од броила (ЕВН АД, ЕВН Електрани, МЕПСО, ЕСМ, други снабдувачи на ЕЕ и повластени производители)
Потребни компетенции
- Електротехнички факултет, Факултет за Информатички технологии
- Одлично познавање на MS Office
- Познавање на англиски јазик
- Одлични организациски и комуникациски вештини
Доколку сте заинтересирани за кариера во Електродистрибуција, на [најави се за да го видиш е-маилот] испратете куса биографија и мотивационо писмо најдоцна до 04.11.2019.
Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување.
Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.
Останати огласи »