
- Објавен на 10.2017
- ДЕЛТА БЕТ
- Активен до 30.10.2017
- Позиција: Останато
- Локација: Скопје
- Телефон: 02/3296-155
Mozzart на пазарот на игри на среќа работи од 2001 година и како таква е една од водечките компании во регионот на Источна Европа. Нашата основна дејност е приредување на игри на среќа во обложувалница, а нашиот најголем капитал се луѓето. Во овој момент, компанија Mozzart има околу 4000 работници и околу 800 подружници во регионот. Во Македонија работи од 2008 година, има околу 300 вработени и има 84 подружници.
За работа на територијата на Град Скопје, потребен e:
КНИГОВОДИТЕЛ
Основни должности:
- Евиденција на влезни фактури во деловодник,
- Достава на барања за издавање на даночни уверенија, прекнижувања и усогласувања,
- Книжење на влезни фактури,
- Книжење на девизни фактури и корекција на данок,
- Контрола на картиците со добавувачи и купувачи,
- Книжење книжни одобренија и задолжувања,
- Контрола, корекција и книжење на внатрешен трансфер,
- Книжење на изводи денарски и девизни,
- Книжење на трансакции и контрола на книжењата во главна книга,
- Следење на законските рокови за припрема на плата и достава на Извештаи до државни органи,
- Благајничко работење, контрола и анализа врз благајничкото работењe,
- Пресметка на закупи и под закупи,
- Подготовка на документација за компензација, асигнација, цесија и др.,
- Проверка на трошоците на Друштвото,
- Евиденција на основни средства, ставање во употреба и пресметка амортизација,
- Составување и достава на даночна пријава до државни органи,
- Следење на законските прописи и примена на истите,
- Контролирање на состојбата на роба по уплатни места-пописи.
Услови:
- Минимум средно образование или Висока стручна спрема-економска насокa,
- Најмалку 3 годишно работно искуство,
- Одлично познавање на работа на компјутер и MS Office пакетот,
- Познавање на англиски и српски јазик,
- Способност за организирање и планирање,
- Изразени интерперсонални вештини и вештини на комуниклација (писмени и усмени),
- Насоченост кон тимска работа како и способност за самостојна работа.
Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија основна цел е да воспостави и ги подигне стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и Источна Европа, Ве молиме Вашето CV и мотивационото писмо да ги испратите на e-маил [најави се за да го видиш е-маилот] . Во насловот на мејлот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате.
Краен рок за поднесување на пријавите е 30.10.2017 година. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. Непотполните пријави нема да бидат разгледувани.
Останати огласи »