MEDIKUS лого

Дипломиран Фармацевт - Стручен соработник

За компанијата: МЕДИКУС е компанија која е основана 1991 година. Од самите почетоци па се до денешен ден работиме во обаласта на фармацијата. Стекнавме големо искуство и реноме во оваа област. Нашата основна дејност... повеќе за компанијата »

МЕДИКУС дооел од Скопје е ексклузивен увозник на програмата од реномираниот производител на хербални производи ЕСИ од Италија, водечка компанија во Италија и во светот, присутна во 69 земји во светот, а во Македонија од 2003 година.

Распишува оглас за следната позиција

ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ  -  Стручен соработник  (Представник)

За потребите на МЕДИКУС дооел Скопје, ексклузивен дистрибутер на италијанската компанија ЕСИ с.п.а. од Италија, бараме четири (4) Стручни соработници - ПРЕДСТАВНИЦИ.

Од кандидатите се очекува да покажат ентузијазам за понатамошно развивање на маркетинг и бизнис операциите на пазарот и да бидат подготвени за имплементирање на најдобрите практики во сите области на работата.

Одговорности:

  • Спроведување на предвидените маркетинг активности за промоција и презентација на производите од ЕСИ
  • Посета на лекари и фармацевти
  • Постојан професионален развој и стручно унапредување преку присуство на конференции и семинари
  • Градење на добри релации со клиентите и презентирање на компанијата ЕСИ и производите
  • Поднесување на извештаи за посетите на клиентите, продажбата, трошоците и промотивните активности во зададениот регион
  • Остварување на предвидениот план за продажба

 

Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома VII степен (фармацевтски факултет)
  • Познавање на MS office пакетот и интернет пребарувачите
  • Организациски способности и вештини на планирање
  • Комуникациски и презентациски вештини
  • Познавање и непречена комуникација (писмена/усна) на: Англиски
  • Валидна возачка дозвола (Б-категорија) и возачко искуство

 

Профил на идеалниот кандидат:

  • Посветен на работата и реализација на зададените цели
  • Ориентиран кон резулати
  • Подготвен за учење, усовршување и надоградување
  • Подготвен за патување
  • Добар слушател и комуникативен
  • Лојален
  • Отворен, искрен и позитивен став
  • Способност за тимска работа
  • Самоиницијативност и самомотивираност при извршување на работните задачи

Компанијата ќе ви овозможи:

  • Можности за градење на кариерата во успешна компанија
  • Интересна и динамична работна средина
  • Службен автомобил
  • Конкурентен паричен надоместок соодветен на постигнатите резултати  и брзо напредување

Доколку сте комуникативни, сакате динамична работна средина во областа на маркетингот и комерцијата, преку која ќе бидат препознаени Вашите индивидуални и тимски карактеристики и сте подготвени за Ваше понатамошно лично и стручно усовршување, станете и Вие дел од тимот на МЕДИКУС..

Работниот однос за позицијата ce заснова на определено работно време на почеток, но сите позиции се предвидени за неопределено работно време. Неделното работно време е од понеделник до петок. Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од: 07:30 до 15:30 часот. Локација на објектот е во населба Ѓорче Петров.

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови, пратета ја својата апликација  на e-mail: medikus@medikus.com.mk. со назнака за работно место СТРУЧЕН СОРАБОТНИК.

  • резиме (кратка биографија) со фотографија,
  • мотивациско писмо,
  • уверение за завршено соодветно образование, како и
  • копија од возачка дозвола
  • Рок на пријавување 25.06.2023g.
  • Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »