
За компанијата:
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме... повеќе за компанијата »
Друштво за осигурување НОВА ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, поради проширување на својот тим за координирање на продажната мрежа има потреба од ангажирање на истрајни и амбициозни луѓе спремни за предизвики и изнаоѓање на решенија, има потреба од:
Менаџер за координирање и администрирање на продажна мрежа.
Извршители: 2
Потребни услови:
- ВСС,
- Профил: Економски, Правен, Осигурување,
- Најмалку 1 година работно искуство во областа на осигурувањето,
- Работа на компјутери (кориснички способности- Ворд, Ексел, Интернет).
Опис на работите и задачите:
- Ја координира работата за продажба на осигурувања во определените Подружници на Друштвото,
- Одржува тренинзи и обуки на вработените во Подружниците,
- Ја следи работата на агентите за осигурување,
- Воспоставува контакти, учествува во изготвувањето на понуди и склучува нови осигурувања, врши обнова на постоечки осигурувања и наплата на премија,
- Одговорен е за работа на продажната мрежа согласно прописи,
- Го следи и контролира исполнувањето на месечните индивидуални планови на агентите и исполнувањето на вкупниот план на определените Подружници,
- Со новите агенти, во првиот месец од работењето реализира задолжително посети на клиентите,
- Организира состаноци со продажната мрежа,
- Води евиденција на клиенти,
- Држи постојана комуникација и ја контролира работата на агентите преку другите канали за дистибуција,
- Ја поттикнува продажбата преку осмислување на нови концепти за зголемување на продажбата и со директно учество во промотивни активности, презентации и контакти со клиенти.
Сите заинтересирани кандидати може да достават своја професионална биографија на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]
Напомена: Вашите апликации претставуваат деловна тајна и истите нема да бидат пренесени на трети лица или употребени за друга цел.
Слични огласи »