(преземи го огласот во Word)
Телеком Србија Група е лидер во областа на телекомуникациите и како таква овозможува широк спектар на услуги на фиксна телефонија, мобилна, телевизиска и интернет комуникација со над 11 милиони претплатници на 4 регионални пазари: Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија.
Нашите корпоративни вредности се задоволни корисници, тим, одговорности, промени и резултат.
За чекор пред другите сакаме да бидеме прв избор на корисникот во светот на дигиталните услуги.
Доколку и ти сакаш да бидеш чекор пред другите и да станеш дел од нашиот успешен тим,те повикуваме да се пријавиш за следната позиција :
Агент за продажба во МТЕЛ продажен салон Куманово
Твоите одговорности се:
- Презентација и продажба на Телеком производи и услуги на сите постоечки и потенцијални нови корисници.
- Проактивност во продажба поради постигнување на продажни цели.
- Давање на прецизни информации на корисникот за цени, производи и услуги.
- Активно слушање на корисникот и разбирање на потребата на корисникот.
- Едукација на корисникот за новите производи на компанијата.
Она што е потребно за добар почеток е:
- Минимум 4ти степен на стручна подготовка.
- Работа на компјутер ( Microsoft Office ).
- Ориентираност на продажба и резултати.
- Добра комуникација и тимска ориентација.
Ние ти нудиме:
- Конкурентна почетна плата.
- Динамично опкружување и позитивна работна атмосфера.
- Стекнување на дополнителни вештини за работа.