
За компанијата: Sport Vision е лидер во спортската малопродажба на Балканот. Основан е 1996. година како компанија чии основни трговски активности се: трговија, малопродажба и продажба на големо во областите на спортските...
повеќе за компанијата »Проверете зошто НИЕ СМЕ ЕКИПА!
Спорт Висион има потреба од професионални, комуникативни и креативни
луѓе кои сакаат да бидат дел од нашата Екипа.
Со цел континуиран развој и унапредување на компанијата, објавуваме оглас за вработување на
АДМИНИСТРАТОР ЗА ONLINE ПРОДАЖБА ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Образование: ССС или Високо Образование
- Активно познавање на англиски јазик
- Напредно познавање на MS Office и интерни ИТ апликации
- Познавање на техники за продажба
- Работно искуство на слична или иста позиција ќе се смета за предост
РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Администрирање и водење продажба преку Sport Vision online продавницата;
- Комуницирање со купувачите на online продавницата и потенцијалните купувачи преку web страната;
- Предлози за унапредување на работата на online продавницата и учество во реализирање на планот;
- Комуникација со малопродажните објекти со цел обезбедување производи нарачани преку web страната;
- Организирање на испорака на производи купени преку online продавницата;
- Комуникација со курирски служби и обезбедување исправност на наплатата на нарачаните производи;
- Управување со web апликации;
- Применување на книгата на стандарди и контрола на примената,
- Во комуникација со купците, доставувачите и работните партнери да го негува долгорочниот однос, планирајќи долгорочна работа;
- Чување на деловни тајни, информации во врска со функционирањето на компанијата, прометот, купувачите, добавувачите и останатите информации кој би можеле да ја загрозат работата на компанијата;
- Извршување на други работи по налог на претпоставениот.
ЛИЧЕН ПРОФИЛ:
- Организациски способности
- Стратешко размислување
- Аналитички способности
- Способности за решавање проблеми
- Доверливост
- Флексибилност
- Проактивност
- Способност за работа под притисок и во кратки рокови.
Доколку сакате да аплицирате, креирајте сметка на KARIERA.mk и кликнете Аплицирај!
Слични огласи »