
За компанијата:
Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување.
повеќе за компанијата »Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување. Ние ги сметаме своите човечки ресурси за клучен фактор во нашиот брз и одржлив развој.
Распишуваме оглас за работното место „Магационер“.
На огласот можат да конкурираат кандидати кои сметаат дека ги поседуваат долунаведените лични карактеристики и потребни квалификации
- Завршено средно образование,
- Организираност и одговорност,
- Самоиницијативност и енергичност,
- Способност за тимска работа,
- Способност за работа под притисок
Опис на работно место:
- Прием и издавање на роба,
- Организација на работа во магацин,
- Контрола на вработени во магацин и издавање на работни задачи,
- Вршење други задачи дадени од управителот или од него овластено лице и определени во интерните акти на Работодавачот,
- Врши интерен транспорт, товарење и растоварање на разни материјали, суровини и опрема, согласно дозволената носивост на виљушкарот, секаде каде ке има потреба за таа работа;
- Се грижи за техничката исправност на виљушкарот;
Нудиме:
- Одлична работна атмосфера;
- Бонус за секоја препорака на пријател за вработување
- Платено колективно осигурување од незгода
- Навремена исплата на плата, додатоци на плата и К-15
- Работна униформа согласно временските прилики;
- Плата по договор;
Искористете ја можноста да бидете дел од нашиот тим, испратете ни го вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака: “за работна позиција Магационер”.
Само кандидатите кои ќе влезат во најтесниот круг ќе бидат контактирани од страна на претставнци на нашата компанија.
Веб сајт:
www.print.mk
www.polyesterday.com.mk
Слични огласи »