
За компанијата: „Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи.
„Алкалоид“ АД е акционерско...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како слика)

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Фармацевтскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2025 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-30/1 усвоена на ден 31.10.2025 година објавува
КОНКУРС
За стипендирање на 20 студенти по фармација
1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА
- Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по фармација на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје во трета или четврта година од студии
- Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех
- Да не повторувале година во текот на студирањето
2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
- Молба
- Кратко CV
- Уверение за положени испити и постигнат успех
3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
- Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса:
- Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје
- Булевар „Александар Македонски“ бр.12
- 1000 Скопје
- Документите се поднесуваат од 03.11.2025 година до 19.11.2025 година исклучиво по пошта.
4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА
Ќе се стипендираат 20 студенти од трета година и четврта година Фармацевтски факултет.
Висината на стипендијата ќе изнесува 7.000,00 денари месечно (нетто износ).
Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат.
За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Медицинскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2025 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-32/1 усвоена на ден 31.10.2025 година објавува
КОНКУРС
За стипендирање на 20 студенти по медицина
1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА
- Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по медицина на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ -
- Скопје во трета или четврта година од студии
- Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех
- Да не повторувале година во текот на студирањето
2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
- Молба
- Кратко CV
- Уверение за положени испити и постигнат успех
3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
- Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса:
- Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје
- Булевар „Александар Македонски“ бр.12
- 1000 Скопје
- Документите се поднесуваат од 03.11.2025 година до 19.11.2025 година исклучиво по пошта.
4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА
Ќе се стипендираат 20 студенти од трета година и четврта година Медицински факултет.
Висината на стипендијата ќе изнесува 7.000,00 денари месечно (нетто износ).
Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат.
За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.
Слични огласи »