Вдл Ван Хоол Македонија Дооел лого

ОДДЕЛ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

За компанијата:

Вдл Ван Хоол Македонија Дооел Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851

повеќе за компанијата »

Активни огласи од Вдл Ван Хоол Македонија Дооел:

Инженер за дизајн и конструкција - Заварувачи - Фарбар за антикорозивна заштита - Фарбари - Припремач - фарбара - Електро техничари - техничка контрола - Техничари за греење, вентилација и климатизација - техничка контрола - Механичари - подвозје и склопови - Електро инсталери - подвозје и склопови - Автолимари/Монтери - каросерија и патос - Столари - Електро инсталери - завршна доработка - Електричари - Инсталери/општи монтери - завршна доработка - Автолакер - Фарбара - Хигеничари - фарбара - Машнски инженер во сектор за производствено инженерство - Електроинженер во сектор за производствено инженерство - Инженер – дизајн на системи/координација на Производствен процес - Машнски инженер во сектор за производствено инженерство - Електроинженер во сектор за производствено инженерство

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт телефонски број (02) 551-2851, има потреба од вработување на следново работно место:

 

ВРАБОТЕН ВО ОДДЕЛ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

 

Потребни квалификации, вештини и искуство:

  • ССС/ВСС;
  • Познавање на работа со компјутер и искуство со информациони системи од областа на човечките ресурси (евиденција на работно време, софтвер за персонална администрација и сл.);
  • Апликантите со претходно работно искуство во областа на човечките ресурси ќе имаат предност;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Одлични комуникациски способности;
  • Поседување на возачка дозвола - Б категорија;

 

Работни задачи и одговорности:

  • Подготовка и администрирање на целокупната персонална администрација;
  • Ажурирање на базите на податоци за вработените;
  • Изработка на договори и анекси за вработување;
  • Асистирање во процесот на регрутација и селекција;
  • Изработка на решенија за годишен одмор и останати потврди за вработени;
  • Комуникација со Фонд за Здравствено осигурување, Агенција за вработување и останати надлежни институции;
  • Организација на транспорт на вработени;
  • Други работи доделени од работодавачот;

 

Што нудиме:

 

  • Конкурентни месечни примања;
  • Континуирана обука и можност за напредување;
  • Работа од понеделник до петок од 08:00 – 16:00 часот, 40 часови неделно;
  • Организирана исхрана и превоз;

 

Доколку сте заинтересирани аплициирајте на www.vanhool.mk.

 

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

 

Краен рок за доставување на апликациите: 23/01/2020

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »