Интернационален Картичен Систем АД Скопје лого

Техничар за поддршка за персонализација

Активни огласи од Интернационален Картичен Систем АД Скопје:

Оператер за изработка и пакување на картички

(преземи го огласот во Word)

КаСис АД Скопје е модерна и иновативна компанија која преку примена на највисоките меѓународни стандарди на платежните шеми, го овозможува процесингот на трансакции со платежни картички, банкомати и пос терминали со цел високо ефикасна услуга за банките и другите финансиски институции во земјата и странство

                                    За својата канцеларија во Скопје има потреба од:

                                        Техничар за поддршка за персонализација

Профил на работната позиција:

  • Воспоставување, имплементирање, следење и одржување на процесот на персонализација на платежни картички (енкодирање, печатење и пакување), преку креирање планови за персонализација во согласност со барање на банките и договорениот производствен капацитет;
  • Хардверско и софтверско конфигурирање на опремата за персонализација; техничко одржување на опремата за персонализација;
  • Управување со залиха на платежни картички и директна комуникација со банките;
  • Поддршка на проекти како што се нови продукти, нова опрема и/или промени и дополнувања на истата;
  • Испитување на проблемите во процесот на персонализација, а кои влијаат на производство, ескалирање на технички проблеми поврзани со персонализацијата и препорака на решенија;
  • Следење на оперативноста и функционалноста на персонализацијата;
  • Развивање на работни упатства процесни документи и нивно следење.

Профил на кандидатот:

  • Минимум средно образование (електротехника, информатика или сродна струка);
  • Основно познавање од областа на IT технологија;
  • Искуство со инсталација и сервисирање на машини и/или ИТ опрема ќе се смета за предност;
  • Основно познавање од областа на електрониката и ниска струја;
  • Одлично познавање на MS Office;
  • Добро познавање на англиски јазик-пишан и говорен;
  • Комуникативна и амбициозна личност со желба за усовршување;
  • Способност за логичко расудивање, чувство за прецизност и педантност како и способност за тимска работа.

Услови:

  • Редовни месечни примања како и останати услови предвидени во Законот за работни односи ( социјално, здравствено, годишен одмор );
  • Одлични услови за работа во средина со професионален тим.

Компанијата го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

 Заинтересираните кандидати треба да ја испратат својата биографија преку полето Аплицирај најдоцна десет дена од објавувањето на огласот. 

Согласно Законот за заштита на лични податоци, по истекот на рокот за избор на кандидатот сите пристигнати биографии ќе бидат уништени.

Интернационален Картичен Систем АД Скопје

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »