
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »Во име на нашиот клиент East Gate Mall, најголемиот трговски центар во Македонија со над 220 брендови, ДЕКРА ја огласува позицијата:
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
-
Го развива, спроведува и следи годишниот буџет за сите оддели во координација со раководителите на одделите;
-
Го подготвува буџетскиот календар и го планира буџетскиот процес;
-
Доставува информации во врска со буџетот и капиталните проекти;
-
Се координира со шефовите на одделите за спроведувањето на буџетот;
-
Доставува редовни извештаи до менаџментот за напредокот во однос на поставените цели и варијациите кои произлегуваат од нив и врши увид во причините за под/надпостигнување;
-
Ги анализира сите аспекти поврзани со буџетот и финансиското работење;
-
Обезбедува навремени и точни информации за надворешните и внатрешните ревизори кога е потребно;
-
Предложува политики и процедури за буџетските и сметководствените процеси;
-
Се осигурува дека сите буџетски извештаи ќе бидат подготвени и презентирани пред менаџментот навремено за да се овозможи внимателно следење на деловните перформанси и преземање на навремени корективни дејствија;
-
Дава инпути за развој/ ги креира клучните индикатори за перформанси (КПИ), за евалуацијата на перформансите и мерење на квалитетот кои се однесуваат на вработените одговорни за буџетирањето & известувањето во рамките на финансиската контрола и ги следи нивните достигнувања на периодична основа;
-
Го надгледува и анализира процесотна распоредувањето на алатките за буџетирање/ предвидување;
-
Подготвува и презентира интерни буџетски извештаи во хартиенa и електронскa форма;
-
Го подготвува за усвојување завршниот буџет ;
-
Се осигурува дека буџетот е во согласност со политиките и статутите во координација со Финансовиот Директор;
-
Го следи и анализира буџетот во текот на целата година и поднесува извештаи за буџетскиот статус и состојба;
-
Ги развива/зајакнува техниките на буџетирање и предвидување и ги одржува стандардите за буџетирањето и предвидувањето на стандардите;
-
Подготвува и презентира буџетски амандмани.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
-
Претходно работно искуство од минимум 5 години на иста или слична работна позиција;
-
Претходно работно искуство во корпоративна средина ќе се смета за предност;
-
Завршено високо образование од областа на економија и финансии;
-
Одлично познавање на англиски јазик (C1/C2 ниво).
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
-
Добри комуникациски и организациски способности;
-
Одлично познавање на MS Office;
-
Познавање и работа со Pantheon и Collab;
-
Одлични аналитички способности.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови своите професионални биографии можат да ги испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за позицијата за која аплицираат.
Крајниот рок за аплицирање е 29/06/2022.
Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »