За компанијата:
Be-Da Logistics е основана на почетокот на 2011 година како компанија специјализирана за организирање меѓународен транспорт и логистика на стоки преку копнен, железнички, воздушен и поморски сообраќај.... повеќе за компанијата »
Ако си прецизен, организиран и ja сакаш работата со финансиски податоци, оваа позиција може да биде вистинскиот чекор за тебе. БЕ-ДА Логистик бара Службеник за финансиско работење кој ќе обезбеди точност и ефикасност во секојдневните финансиски активности.
Кои сме ние?
БЕ-ДА Логистик е 15 години доверлива меѓународна логистичка и шпедитерска агенција која обезбедува сигурни и ефикасни транспортни решенија низ Балканот и Европа. Нашата мисија е едноставна, но јасна: Создаваме едно централно место каде клиентите ги добиваат сите логистички услуги – брзо, едноставно и ефикасно.
Што ќе биде твојата улога
Како службеник за финансиско работење, ќе бидеш одговорен за навремено и точно водење на финансиско-административните процеси во компанијата. Ќе работиш на изготвување на фактури, книжење на документација и следење на финансиски трансакции. Со твојата прецизност и организација ќе придонесеш за ефикасно финансиско работење и поддршка на целокупното работење на компанијата.
Што бараме?
- Минимум 3 години искуство во финансиско работење, сметководство или слична позиција.
- Познавање на работа со фактури, книжење и финансиска документација
- Основно познавање на сметководствени принципи и програми за финансии
- Одлично познавање на MS Office (Excel, Word)
- Високо ниво на прецизност, организираност и одговорност
- Способност за самостојна работа, но и тимска соработка
- Добри комуникациски вештини
Одговорности и задачи
- Изготвување и обработка на излезни и влезни фактури
- Книжење на финансиска документација во системот
- Подготовка и евиденција на патни налози
- Следење и контрола на трошоци и финансиски извештаи
- Архивирање и организација на финансиска документација
- Комуникација со други оддели и надворешни соработници за финансиски прашања
- Поддршка при подготовка на месечни и годишни финансиски извештаи
Што нудиме?
- Празничен бонус
- Летен бонус
- Последниот петок во месецот – скратено работно време
- Организиран превоз од–до работа
- Работа во динамичен и поддржувачки тим
- Дополнителни часови за приватни излези
- Слободен ден за роденден и роденденски ваучер
- Професионални обуки за кариерен развој
Зошто да аплицираш во БЕ-ДА Логистик ?
Во БЕ-ДА Логистик градиме компаниска култура базирана на доверба, резултати и меѓусебна поддршка:
- Транспарентност – работиме со јасни процеси, отворена комуникација и фер однос, и кон клиентите и внатре во тимот
- Посветеност и иницијативност секој член на тимот е важен; идеи не се игнорираат , се охрабруваат и реализираат.
- Комуникација – директно, искрено и навремено, затоа што тоа е начинот на кој што зборуваме. Кај нас ќе најдеш тимска атмосфера, простор за раст и култура каде што резултатите се ценат, а луѓето се почитуваат.
Овој оглас е наменет за нов член во нашиот финансиски тим. Доколку имате искуство и афинитет кон финансиско работење, како и прецизност во извршување на задачите, Ве покануваме да аплицирате.
Доколку сте заинтересирани, испратете ја Вашата биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака „Службеник за финансиско работење“.