Новомак ДООЕЛ лого

Архитект/координатор

За компанијата:

Новомак, од скромните почетоци во 2006 година, со напорна работа и истрајност, постојано го зголемува обемот на своите деловни активности, паралелно со зголемување на деловните капацитети, како и бројот... повеќе за компанијата »

Новомак е специјализирана компанија со седиште во Скопје, водечки дистрибутер и ексклузивен застапник на репроматеријали за изработка на мебел од бројни реномирани европски брендови. На македонскиот пазар целиме кон достигнување на врвната позиција во однос на квалитет и препознатливост. Развиваме организација со разбирање за тековните трендови и социјални аспекти, во кои што ги интегрираме предностите стекнати со долгогодишната традиција. Градиме кооперативна култура и усовршување на вработените, кои се нашата движечка сила. Доколку сакаш да бидеш дел од нашата визија и мисија, те повикуваме да аплицираш за следната позиција:

АРХИТЕКТ/КООРДИНАТОР

Потребни квалификации:

  • ВСС – архитектонски факултет/факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер
  • Познавање и работа во AutoCAD и апликациите од Microsoft Office пакетот (Word и Excel)
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
  • Познавање на Sketchup, 3D Studio Max и некој од софтверите за рендерирање ќе се смета за предност
  • Основно познавање на англиски јазик

Одговорности:

  • Остварување и одржување комуникација со постоечки и нови клиенти кои изработуваат проекти од областа на внатрешното уредување на домашни и деловни простории
  • Координирање на барањата на клиентите со активностите на вработените задолжени за изработка на проектите, разгледување и решавање на сите забелешки, измени и дополнувања
  • Следење на проектите на клиентите и информирање за тековните активности и процесот на изработка на проектите и обработката на материјалите
  • Менаџирање на план за изработка на проектите во соработка со задолжените вработени и оптимизирање на работниот процес согласно потребите и барањата на клиентите во согласност со добрите практики и правилата и принципите на компанијата

Личен профил:

  • Посветеност, лојалност и одговорност
  • Одлични комуникациски способности
  • Флексибилност/адаптибилност
  • Тимско работење и кооперативност
  • Ефективност и ефикасност
  • Способност за работа под притисок и на кратки рокови

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со законот на РМ.

Своето CV (со слика) доставете го на e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака: "Архитект/координатор".

Кандидатите кои не ги исполнуваат бараните услови нема да бидат разгледувани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »