
За компанијата: ФМС дооел е специјализирана компанија која ги нуди сите услуги поврзани со имотот. Компанија која ќе го процени, идентификува и претстави најдоброто решение за предизвиците и проблемите со кои се соочува...
повеќе за компанијата »Фасилити Менаџмент Сервицес дооел - Скопје, компанија која на своите клиенти им нуди интегриран систем на услуги од областа на управување на недвижнини и нивно одржување од секаков вид.
Поради проширување на дејноста Фасилити Менаџмент Сервицес објавува оглас за вработување на:
СМЕТКОВОДИТЕЛ
Обврски и одговорности:
- Комплетно водење на сметководственото работење
- Подготовка на финансиски извештаи, завршни сметки, годишни деловни планови
- Пресметки и уплати на сите месечни и периодични обврски кон државните институции
- Подготвување на финансиска документација потребна за банки или други институции
- Следење на банкарски движења и моментална состојба
- Усна и писмена коресподенција со банки и државни институции
- Следење, усогласување и анализирање на работата од финансово сметководство
Квалификации:
- Виско образование – Економски факултет
- Најмалку 5 години работно искуство
- Задолжително познавање на англиски јазик (деловна усмена и писмена комуникација)
- Работа на компјутер (MS Office пакетот и финансиско –материјални апликации)
- Добри комуникациски и организациски способности
- Способност за работа под притисок и зададени рокови
- Способност за решавање на проблеми
- Прецизност и флексибилност
- Задолжително поседување на лиценца за овластен сметководител
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на следната email адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со задолжителна назнака на работното место за кое аплицирате.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
Слични огласи »