
За компанијата: Аспектус Фарма е иновативна и кооперативна компанија со висок интегритет, што и овозвожува високо квалитетно производство на лекови и воспоставување партнерства со глобалните фармацевтски компании за да...
повеќе за компанијата »ДИРЕКТОР НА ПРОИЗВОДСТВО
Пријавените кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:
- Високо образование од областа на фармацијата и завршена специјализација по фармацевтската технологија
- Минимум 3 години работно искуство во производство на цврсти фармацевтски дозирани форми;
Работни задачи:
- Управување и планирање на производствените процеси;
- Создавање и имплементирање на производствени планови за да се исполнат пазарните барања.
- Обезбедување на максимална ефикасност на производните линии и минимизирање на ненадејни прекини во процесот.
- Управување со капацитетите;
- Планирање и распределување на ресурси за да се избегнат проблеми со капацитетот и да се обезбеди навремена испорака.
- Обезбедување на потребните суровини;
- Планирање и обезбедување навремена набавка на сите потребни материјали, како активни фармацевтски состојки (API) и помошни состојки.
- Управување со опремата и одржување;
- Обезбедување на тоа да сите производни машини и опремата бидат во исправна состојба и редовно одржувани.
- Планирање на производството според пазарните барања - Следење на трендовите и потребите на пазарот и прилагодување на производните капацитети.
- Оптимизација на процесите - Континуирано подобрување на производните процеси за зголемување на продуктивноста и намалување на трошоците.
- Подготовка на редовни финансиски и производствени извештаи за високиот менаџмент.
- Обезбедување на усогласеност со регулаторни стандарди
- Следење на GMP и други стандарди;
- Постигнување и одржување на усогласеност со фармацевтските регулаторни органи.
- Учествување во инспекции и ревизии - Подготвување на производството за инспекции од регулаторни тела и учество во процесот на ревизија.
Дополнителни информации:
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »