Transcom Macedonia лого

Специјалист за корисничка поддршка на англиски јазик во областа на туризмот (м/ж)

За компанијата:

Специјализирани за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали.

повеќе за компанијата »

 

Дали знаеш дека туризмот достигна ново ниво на услуга и дека постојат тимови кои се тука за да ги решат прашањата на клиентите на што е можно поефикасен начин како и да им ги дадат најдобрите можни совети? Токму ти можеш да станеш дел од еден таков тим и да им го направиш пријатно и незаборавно целокупното искуство на патниците кои ги користат услугите на еден од најголемите туроператори во светот!


 

Што ти нудиме?

  • Плата од 660 ЕУР нето износ;

  • Договор за вработување;

  • Можност за работа од дома по успешно совладување на обуката во нашите канцеларии која трае 3 недели;

  • Можност за работа на скратено работно време по договор со претпоставениот;

  • Приватно здравствено осигурување: твоето здравје е наш приоритет;

  • Платена обука: инвестираме во твојот успех;

  • Месечни бонуси за перформанси: трудот заслужува признание;

  • Бонуси за препораки; награда за твојата лојалност;

  • Уживање во различни компаниски настани, тренинзи и обуки наменети за вашиот личен и професионален развој

  • Корпоративни попусти за нашите вработени во различни компании;

  • Проширување на твоите знаења; со нашата компаниска платформа стекни нови вештини

  • Кариерен развој; патеката на твојот напредок исцртај заедно со нас;

  • Глобално искуство; бидејќи имаме многу колеги од целиот регион кои со нетрпение чекаат да те запознаат!
     

 

Придружи ни се како Специјалист за корисничка поддршка на англиски јазик во областа на туризмот!

Твојот ден ќебиде комбинација од:

  • Секојдневна употреба на англискиот јазик; биди гласот на една од водечките туроператори во светот;

  • Комуникација со клиенти преку телефон, емаил и четови во врска со резервациите на клиентите;

  • Подобрување на корисничкото искуство: споделувај информации и совети во врска со понудените тури;

  • Персонализирани решенија: спој ги потребите на клиентите со совршените туристички понуди;


 

Што бараме?

  • Англиски гуру: задолжително познавање на англискиот јазик (усна и писмена комуникација);

  • Основни познавања од работа на компјутер;

  • Одличен комуникатор: ефективна, јасна и транспарентна комуникација;

  • Љубопитна личност: жед за стекнување нови знаења;

  • Тимски играч: желба за отворена соработка со цел остварување на заеднички цели;

  • Амбициозност: личен и професионален развој е вашата цел;

  • Претходно работно искуство во областа на кориснича поддршка се смета за предност но не е задолжителна;


 

Како изгледа животот во Transcom?

Во Transcom сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Transcom. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Transcom. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »