
- Објавен на 2.2018
- ДЕЛТА БЕТ
- Активен до 04.03.2018
- Позиција: Останато
- Локација: Скопје
- Телефон: 02/3296-155
Компанија Mozzart на пазарот на игри на среќа работи од 2001 година и како таква е една од водечките компании во регионот на Источна Европа. Нашата основна дејност е приредување на игри на среќа во обложувалница, а нашиот најголем капитал се луѓето. Во овој момент, компанија Mozzart има околу 4000 работници и околу 900 подружници во регионот. Во Македонија работи од 2008 година, имаме околу 400 вработени и 100 подружници.
За работа на територијата на Град Скопје, потребен е:
КНИГОВОДИТЕЛ
Основни должности:
- Пресметка на данок на донации, награди, авторски и договори на дело, како и пресметка на сите останати даноци по одбивка
- Составување и достава на даночна пријава до државни органи
- Пресметка и следење на комунални такси
- Книжење на трансакции и контрола на книжењата во главна книга
- Контрола при изготвување на годишните извештаи и нивно доставување до ревизори
- Составување и достава потребна документација до банките во случај на поднесување на најразлични барања
- Достава на барања за издавање на даночни уверенија, прекнижувања и усогласувања
- Контактирање со државни институции, банки, ревизори, деловни партнери, други служби итн.
- Контрола на целокупниот процес на плаќања и ликвидација
- Контрола и анализа врз благајничкото работење
- Подготовка на документација за компензација, асигнација, цесија и др.
- Пресметка на плата, надоместок од плата и сите додатоци по основ на плата за вработените, како и даноците и придонесите кои се однесуваат на подготовка на плата, опремнина итн.
- Пресметка на закупи и под закупи
- Проверка на трошоците на Друштвото
- Следење на сите прописи од областа на даночната регулатива, книговодствените прописи, платниот промет, девизнотото работење и правните прописи.
- Подготовка на потребна документација и достава на Извештаи до надлежните државни институции.
- Изготвување на годишни сметки, годишни финансиски извештаи и даночен биланс
- Книжење на влезни фактури
- Книжење на девизни фактури и корекција на данок
- Контрола на картиците со добавувачи и купувачи
- Книжење книжни одобренија и задолжувања
- Контрола, корекција и книжење на внатрешен трансфер
- Контролирање на состојбата на роба по уплатни места-пописи
Услови:
- Висока стручна спрема-економска насока
- Предност поседување на Лиценца за овластен книговодител
- Најмалку 5 годишно работно искуство
- Одлично познавање на работа со компјутер
- Одговорност, лојалност, професионалност
- Совесност, самодисциплинираност, прилагодливост
- Изразени интерперсонални вештини, комуникативност и сталоженост
- Насоченост кон тимска работа како и способност за самостојна работа
-
Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија основна цел е да воспостави и ги подигне стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и Источна Европа, Ве молиме Вашето CV и мотивационото писмо да ги испратите на e-маил [најави се за да го видиш е-маилот] . Во насловот на мејлот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате.
Краен рок за поднесување на пријавите е 04.03.2018 година. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. Непотполните пријави нема да бидат разгледувани.
Останати огласи »