Евротип спотрски обложувалници лого

ЕКОНОМИСТ

За компанијата:

Евротип спортските обложувалници се прва битолска компанија која се занимава со приредување на игри на среќа – спортско обложување. Првата локација за остварување на нашата дејност е во Битола.... повеќе за компанијата »

Работно место од областа на Економијата

1. Истражување и анализа

- Прибирање и средување податоци од секундарни извори

- Описна анализа на податоци (графикони, табели, крос-табулации)

- Економетриска анализа на податоци (доволно е почетно ниво)

- Следење на економските трендови во земјата и регионот

- Пишување анализи и извештаи (длабинска и критичка анализа)

- Сметководствена евиденција на фактури,сметки

- Комуникација со клиенти, плаќање на сметки во банка

2. Теренска работа

- Средби со засегнати страни (активен придонес во содржина)

- Вклучување во консултативни процеси

- Повремено испорачување обуки (физички и вебинари)

- Дизајн и повремено учество во теренско прибирање податоци (интервјуа и фокус

групи)

3. Комуникација

- Придонес во креативни решенија за визуелизација на податоци, информации, наоди

и резултати од аналитичко-истражувачката работа

- Активно учество на настани што ги организираат партнерите и соработниците

Потребни квалификации и вештини

- Завршени додипломски студии по економија, финансиски менаџмент,

меѓународна економија и финансии, статистичка анализа

- Сродно работно искуство

- Предиспозиции за секојдневна работа со податоци

- Познавање англиски јазик и напредна компјутерска писменост

- Аналитичност, прецизност и запазување детали во работењето

- Способност за јасно и концизно изразување при пишување

- Способност за контекстуализација (гледање на големата слика), со истовремена

способност за длабинска анализа

- Способност за справување со повеќе разновидни задачи истовремено

- Комуникативност и претставителност

- Навременост и строго почитување рокови

 

За предност ќе се смета:

- Работно искуство

- Возачка дозвола Б категорија

 

Доколку сакате да бидете дел од тимот на ЕВРОТИП, Ве молиме Вашето CV  да го испратите на e-маил  [најави се за да го видиш е-маилот]  

Во насловот на меилот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате ЕКОНОМИСТ.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »