
ЕМБС: 6462693
Индустрија: Едукација
Адреса: Питу Гули бр. 1
Град: Скопје
Факултетот за музичка уметност – ФМУ е јавна високообразовна установа која врши високообразна, научно-истражувачка, уметничка и применувачка дејност од областа на музичката уметност. ФМУ својата дејност ја врши во состав на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. ФМУ својата дејност ја извршува во свој објект лоциран на ул: Питу Гули бб во Скопје, веднаш до Камен Мост на левата страна од Вардар. Објектот со вкупна површина од 1546 м2, располага со 10 предавални, 2 концертни сали, 16 кабинети за индивидуална настава и 4 аудио-видео лабаратории. ФМУ располага со голем инструментариум и технички инвентар потребен за успешна реализација на својата образовна и научна дејност: преку 30 клавири, 3 синтисајзери, клавичембало, широк спектар на ударни инструменти, 3 телевизори, 11 компјутери, графоскоп, 10 Цд плеери, 3 ДВД плеери, 2 ЛЦД проектори, 2 дигитални камерни, филмска камера, дигитален аудио процесор, видео миксер, 11 микрофони, 25 рефлектори, 2 димери, 3 аудио миксери и друга опрема. ФМУ располага со своја библиотека со читална, компјутер и аудио опрема.
Моментално нема активни огласи.