Промовирани огласи »

Нови цени на горивата од полноќ

Минимални поскапувања на дел од горивата.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.05.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 денари/литар, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 89,50 денари/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 94,00 денари/литар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.05.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 92,00 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,330 денари/килограм, во однос намалопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.05.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 51,144 денари/килограм.

Од 27.05.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,50 (денари/литар);
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 89,50 (денари/литар);
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 92,00 (денари/литар);
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,00 (денари/литар);
  • Мазут М-1 НС 51,144 (денари/килограм).

Тагови: нафтените деривати Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ) цени на горивата

Промовирани огласи »

Огласи за работа во Охрид!

Најновите огласи за работа во Охрид!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции во Охрид на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Охрид, еден од најубавите и најпосетуваните градови во Македонија, нуди многу можности за вработување во различни сектори. За да го пронајдете вашето идеално работно место во Охрид, посетете го нашиот веб сервис KARIERA.mk, како и на нашите социјални мрежи каде многу работодавци објавуваат отворени позиции.

Customer Support Representative
Монтер - Охрид
Сметководител
Дипломиран фармацевт и фармацевтски техничар - Охрид и Струга
Конструктор

Сите останати работни позиции од Охрид ќе ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Најновите огласи за работа во Скопје!

Промовирани огласи »

Дали е потребна согласност за патување на дете во странство?

Ако дете патува само, ова е задолжително!

Сè повеќе родители пред летните одмори се прашуваат дали е потребна писмена согласност за патување на малолетно дете во странство. Според законската регулатива во Македонија, доколку детето патува со еден од родителите или старател, не е потребна дополнителна согласност. Сепак, граничните служби имаат право да побараат дополнителен документ доколку постои сомнеж или потреба од проверка.

Одобрение за патување е задолжително само кога малолетно лице до 14 години патува или се враќа од странство без присуство на родител или старател. Во таков случај, потребна е писмена согласност од родителите или старателот, која се издава во надлежните подрачни единици на Министерството за внатрешни работи (Одделенија и Отсеци за управни работи).

За издавање на одобрението потребно е:

  • извод од матична книга на родени за детето,
  • лични карти од родителите или старателот,
  • уплатена такса во износ од 50 денари.

Доколку се присутни двајцата родители, одобрението се издава веднаш. 

Тагови: закон Министерството за внатрешни работи-(МВР) патување царина

Промовирани огласи »

Грција ги „отвори“ границите за Македонците: Брз проток и минимални задржувања по празничниот викенд

По 24 Мај, македонските туристи се враќаа од Грција без вообичаените долги колони. На „Евзони“, Битола и Дојран се чекало само 15 до 20 минути.

По продолжениот празничен викенд по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, македонските туристи кои се враќаа од Грција вчера се соочија со значително побрз проток на граничните премини. Според сведоштва споделени на социјалните мрежи, на граничниот премин „Евзони“ за влез во Македонија се чекало околу 15 до 20 минути, а слична состојба била забележана и кај премините во Битола и Дојран.

Граѓаните велат дека за првпат по долго време поминале без нервози и повеќечасовни колони, што претставува големо олеснување ако се има предвид дека во изминатиот период, особено за време на празници и продолжени викенди, чекањата на грчките граници често траеја со часови.

Дополнителен фактор што досега придонесуваше за забавување на протокот е новиот европски Exit/Entry System (EES), кој предвидува електронска регистрација и подетални проверки за патници кои не се државјани на ЕУ. Сепак, вчерашната состојба беше далеку помирна од претходните празнични бранови, па дел од граѓаните низ шега коментираа дека Грција ги кренала рампите“ за македонските туристи.

Тагови: EEC граница Грција туристи

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »