Промовирани огласи »

A1 Македонија ДООЕЛ Скопје е компанија која секојдневно ја олеснува комуникацијта на голем број поединци, а исто и на голем број компании во нашта држава.

Имаат отворено 8 работни позиции за повеќе градови во државата:

JUNIOR CORE NETWORK SPECIALIST

SOHO / SME ACCOUNT MANAGER

REGIONAL SALES MANAGER - GOSTIVAR

REGIONAL SALES MANAGER - VELES

REGIONAL SALES MANAGER - STRUMICA

REGIONAL SALES MANAGER - BITOLA

ICT PRE-SALES EXPERT

NSOC SPECIALIST

Сите траат до 25.02.201 година.

Mellon Group е водечка грчка мултинационална групација која нуди специјализирани решенија и услуги со цел да ги задоволи барањата на финансиските институции и другите организации чиј бизнис е насочен кон големи групи на клиенти. Mellon Group е со седиште во Атина, Грција и моментално брои преку 6.000 вработени во 12 земји.

Имаат отворено 3 работни позиции.

ТЕЛЕФОНСКИ ОПЕРАТОРИ

IT ENGINEER

СУПЕРВИЗОР НА КОНТАКТ ЦЕНТАР

Два од огласите траат до почеток на март.

Неуромедика е болница која има дијагностички центар опремен со најсовремена медицинска апартура и постојано се грижи за своите пациенти како да се дел од нивното големо семејство.

Имаат отворено 3 работни позиции.

ДОКТОР СПЕЦИЈАЛИСТ: ОТОРИНОЛАРИНГОЛОГ/ФИЗИЈАТАР/ОРТОПЕД

МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ: ИНСТРУМЕНТАР/КИ / АНЕСТЕТИЧАР/КИ

ПРАВЕН АСИСТЕНТ

Сите траат до почеток на март.

Вокс Тенео Македонија не е само финансиска инвестиција, туку е компанија која е насочена кон истовремена одговорност и флексибилност на тимот.

Имаат отворено 6 работни позиции:

INTERN .NET DEVELOPER

SCRUM MASTER

MID .NET DEVELOPER

JUNIOR .NET DEVELOPER

FUNCTIONAL TESTER

JUNIOR SYSTEM ADMINISTRATOR AND SUPPORT SPECIALIST

Промовирани огласи »

Недела работен ден за 36 дејности

За кого недела ќе е работна?

Предлог – законот со кој недела ќе се прогласи за неработен ден за сите е во завршна фаза, а со последните преговори се дефинирало кога ќе користат слободен ден работниците кои ќе работат во недела и за надоместокот за нив кој ќе биде законска обврска на работодавачите. Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска очекува за кусо време предлогот да биде објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР).

„На добар пат сме да го финализираме предлогот. Веќе три месеци се дебатира со сите засегнати страни. Во моментов се разговара за тоа кога ќе се користат слободен ден работниците кои работеле во недела, дали во понеделник и или во сабота како во многу земји и за надоместокот што законски ќе им следува. Предлогот ќе биде објавен на ЕНЕР за да можат сите граѓани да дадат забелешки. Од почетните 34 дејности кои треба да работат во недела, сега имаме 36 дејности и при крај сме да го дефинираме предлогот“, рече министерката Шахпаска.

Таа не кажа со кои конкретно дејности е надополнета листата на дејности кои треба да работат во недела.

Прогласување на неделата за неработен ден е предизборно ветување на сегашната власт кое ги подели и граѓаните и институциите на два табора едни кои се за, а други против предлогот во недела да не се работи.

Промовирани огласи »

Нема да има традиционална македонска свадба. Јасно им е и на младоженците. Да ни се дадат ригорозни протоколи според кои ќе работиме. Од шест до осум гости да седат на иста маса, тоа ќе бидат луѓе од иста фамилија. Наше лице ќе ги смести на маса, ќе бидат со маски, единствено ќе ги симнуваат маските кога ќе вечераат или одат до тоалет. Бендот ќе свири на пет метри од првата маса, ќе има средства за дезинфекција на секоја маса – ова се протоколите за организирање на свадби и семејни веселби кои ги побара од Владата угостителот Перица Голомеиќ, еден од организаторите на протестот, во разговор за ТВ21.

Протестот на угостителите, на кој ќе му се приклучат и останати лица од свадбарската индустрија, како музичари, фотографи, сопственици на цвеќари и салони за венчаници и декорирање, започна во 14 часот, а ќе трае до 17 часот. Блокирана е раскрсницата на булеварот Александар Македонски во населбата Автокоманда.

Инаку угостителите бараат итно укинување на забраната за секаков вид на настани во отворен и затворен дел од угостителските објекти, односно бараат државата да донесе протоколи со кои ќе можат да се прават свадби, крштевки, родендени…

Најавени се протести и на 22-ри и 23-ти февруари.

И музичарите ја даваат својата поддршка на Туристичко – угостителската комора. Велат дека речиси цела година едвај врзуваат крај со крај и сакаат чесно да работат и заработуваат.

Сепак, околу предложените протоколи, сватовите или гостите на веселбите да седат со маски и да ги симнуваат само додека вечераат, да не стануваат и играат, да немаат близок контакт, околу тоа, како тоа би било изводливо, немаат прецизен одговор.

Промовирани огласи »

На страната на Агенцијата за вработување на Македонија е објавено дека во моментов има околу 7.000 слободни работни места. 

Келнери, општи работници, директори, правници, возачи, текстилни и чевларски работници, со и без работно искуство, се само мал дел од она што се бара. 

Доколку сте во потрага по работа, погледнете ја секојдневната понуда на нови работни места и аплицирајте. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »