Промовирани огласи »

Недела работен ден за 36 дејности

За кого недела ќе е работна?

Предлог – законот со кој недела ќе се прогласи за неработен ден за сите е во завршна фаза, а со последните преговори се дефинирало кога ќе користат слободен ден работниците кои ќе работат во недела и за надоместокот за нив кој ќе биде законска обврска на работодавачите. Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска очекува за кусо време предлогот да биде објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР).

„На добар пат сме да го финализираме предлогот. Веќе три месеци се дебатира со сите засегнати страни. Во моментов се разговара за тоа кога ќе се користат слободен ден работниците кои работеле во недела, дали во понеделник и или во сабота како во многу земји и за надоместокот што законски ќе им следува. Предлогот ќе биде објавен на ЕНЕР за да можат сите граѓани да дадат забелешки. Од почетните 34 дејности кои треба да работат во недела, сега имаме 36 дејности и при крај сме да го дефинираме предлогот“, рече министерката Шахпаска.

Таа не кажа со кои конкретно дејности е надополнета листата на дејности кои треба да работат во недела.

Прогласување на неделата за неработен ден е предизборно ветување на сегашната власт кое ги подели и граѓаните и институциите на два табора едни кои се за, а други против предлогот во недела да не се работи.

Промовирани огласи »

Нема да има традиционална македонска свадба. Јасно им е и на младоженците. Да ни се дадат ригорозни протоколи според кои ќе работиме. Од шест до осум гости да седат на иста маса, тоа ќе бидат луѓе од иста фамилија. Наше лице ќе ги смести на маса, ќе бидат со маски, единствено ќе ги симнуваат маските кога ќе вечераат или одат до тоалет. Бендот ќе свири на пет метри од првата маса, ќе има средства за дезинфекција на секоја маса – ова се протоколите за организирање на свадби и семејни веселби кои ги побара од Владата угостителот Перица Голомеиќ, еден од организаторите на протестот, во разговор за ТВ21.

Протестот на угостителите, на кој ќе му се приклучат и останати лица од свадбарската индустрија, како музичари, фотографи, сопственици на цвеќари и салони за венчаници и декорирање, започна во 14 часот, а ќе трае до 17 часот. Блокирана е раскрсницата на булеварот Александар Македонски во населбата Автокоманда.

Инаку угостителите бараат итно укинување на забраната за секаков вид на настани во отворен и затворен дел од угостителските објекти, односно бараат државата да донесе протоколи со кои ќе можат да се прават свадби, крштевки, родендени…

Најавени се протести и на 22-ри и 23-ти февруари.

И музичарите ја даваат својата поддршка на Туристичко – угостителската комора. Велат дека речиси цела година едвај врзуваат крај со крај и сакаат чесно да работат и заработуваат.

Сепак, околу предложените протоколи, сватовите или гостите на веселбите да седат со маски и да ги симнуваат само додека вечераат, да не стануваат и играат, да немаат близок контакт, околу тоа, како тоа би било изводливо, немаат прецизен одговор.

Промовирани огласи »

На страната на Агенцијата за вработување на Македонија е објавено дека во моментов има околу 7.000 слободни работни места. 

Келнери, општи работници, директори, правници, возачи, текстилни и чевларски работници, со и без работно искуство, се само мал дел од она што се бара. 

Доколку сте во потрага по работа, погледнете ја секојдневната понуда на нови работни места и аплицирајте. 

Промовирани огласи »

Од почетокот на пандемијата до сега, отпуштени се над 18.000 граѓани

Пандемијата придонесе зголемување на бројот на невработени лица.

Од почетокот на пандемијата пред скоро една година до сега, отпуштени биле 18.174 граѓани.

Ова го покажуваат податоците на Агенцијата за вработување, чиј директор Абдуш Демири посочи дека на дневна основа има и до 7.000 огласи со кои се бараат работници по различни струки. Тој вели дека пандемијата придонела кон зголемување на бројот на невработени лица.

Во Агенцијата за вработување евидентирани се 158.681 невработени лица кои се активни баратели на работа и 90.293 пасивни баратели на работа. На веб-страницата во дневна основа во просек има активни конкурси помеѓу 6.000 до 7.000 за отворени работни места. Работодавачите огласиле најмногу слободни работни места за занимањата: работник за едноставни работи на производствена линија, општ работник, хигиеничар на работни простории, програмер, продавач, келнер, шанкер, шивач, возач на камион, обезбедувач, хигиеничар на станбен и деловен простор, ѕидарски работник, тесларски работи и други занимања, рече директорот Демири.

Тој смета дека Владата со економските пакети мерки помогнало да се сочуваат работните места.

Со сигурност бројот на невработени лица во текот на 2020 година бележи зголемување. Во услови на криза, во 2020 година, Владата донесе пакети економски мерки за да се помогне на стопанството и да се сочуваат работните места. Со четвртиот пакет мерки, со мерка платежна картичка за поголема потрошувачка беа опфатени и пасивните баратели на работа евидентирани во АВРСМ, додаде Демири.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »