Промовирани огласи »

При крај се изборните Собранија по ОФС по кои на 14 март во Скопје ќе се одржи и Изборното Собрание на ФФМ. Вечерва фудбалските работници од Струмица го имаа својот собир. Собранието се одржа и покрај големите најави дека истото ќе биде бојкотирано.

Но сепак на овој собир во Струмица се случи чудна одлука. ОФС Струмица одлучи да не даде делегати за Собранието на ФФМ, да нема свој кандидат за член на УО на ФФМ и да не даде поддршка за ниту еден кандидат за функцијата претседател на ФФМ.

Сето ова доаѓа по предлог на Југослав Тренчовски од Академија Пандев кој го дал овој предлог и истиот бил прифатен од мнозинството делегати. Собрание кое работеше според статутот во првите десетина точки од дневниот ред а потоа некои работи не биле според законот за спорт. Ни таму, ни ваму …

Малку е нејасно со оглед на тоа дека постоеја најави за мегдан со ФФМ на претстојното Собрание а ваквиот потег може да се оцени како немање на храброст да се изгласа уште еден претседателски кандидат покрај Муамед Сејдини од ОФС Кичево.

Исто така и немањето на делегати на Собранието на ФФМ е чин кој е чуден затоа што токму делегатите треба јавно на говорницата од Собранието да ги потенцираат проблемите во мак-фудбалот и истите да ги чујат и гостите од УЕФА и ФИФА.

Со оглед на ова вреди да се напомни дека Собранието во Струмица е регуларно, Ѓорѓи Гоцевски останува претседател но неговиот град се откажа од делегати и битка за место во УО и од можноста да предложи нов кандидат за претседател на ФФМ. Струмица заедно со Кочани се единствените ОФС од вкупно 26. кои нема да дадат делегати на претстојното Собрание.

Изборното Собрание на ФФМ ќе се одржи на 14. март во Скопје.

Промовирани огласи »

Ова се случува прв пат по 2007: Се намалија платите во Германија

Пандемијата ги намали платите

Германците земаат помали плати и ова се случува прв пат по 2007 година. 

Причина за ваквото намалување е пандемијата која го зафати светот. Бруто месечните плати, вклучително и дополнителните исплати, просечно паднаа за нешто повеќе од 0,6 проценти минатата година, објави Дестатис, повикувајќи се на прелиминарни податоци. 

Кога ќе се земе предвид растот на потрошувачките цени од околу 0,5 проценти, минатата година реалните плати просечно се намалија за еден процент. Податоците за 2020 година не ја земаат предвид програмата за субвенционирање на платите на Владата за да се обезбеди егзистенција на работниците кои мораа да останат дома.  Германија е една од најбогатите земји во Европа која може да се пофали со високи плати. 

foto freepik

Промовирани огласи »

Можеби се ближи крајот на нашето патување низ светската здравствена криза, но сега работодавците се соочуваат со дилема: Дали треба да останат дома или да се вратат на работа? Иако не очекувале, многу работодавци откриле дека работниците од далечина можат да бидат исто толку продуктивни од дома, како што биле и во канцеларијата. Секако, целосното враќање на работата во нормала ќе биде неопходно за многу фирми. Но, искуството со работа од далечина кај многу од работодавците ја поттикна дилемата за во иднина каде ќе ја сместат својата работна сила.

Иднината е хибридна

Ова откритие доаѓа од една од најинтензивните студии за иднината на работета од далечина, спроведена кон крајот на минатата година од страна на McKinsey & Co. Неговата анализа на 800 типови на работа во девет земји покажа дека професионалните работодавци најверојатно ќе задржат одредена мешавина од работа од далечина и работа на лице место. Некои од наодите се предвидливи, како што одговара работата од далечина за задачи што се извршуваат автономно и бараат мала интеракција со другите. Работните места во финансии, осигурување, професионални услуги и информатичка технологија честопати покажуваат дека работата од далечина скоро и не влијае на продуктивноста.

Спротивно на тоа, оние задачи што најмногу одговараат на работата која бара присуство вклучуваат менторство, тренинг, обука, решавање проблеми и други за кои е потребно давање совети и повратни информации. За работни места во овие сектори, личното присуство сепак е најсоодветен начин за работа.

Трошоци и придобивки 

Во текот на пандемијата разбравме дека работата од далечина е секако пожелна. Но, со текот на времето видовме и дека некои членови на одредени тимови ја губат својата перспектива за тоа како нивната индивидуална работа е поврзана со нашата целокупна стратегија. Ако тие работеле во канцеларија, нивната честа физичка интеракција со високиот менаџмент ќе ја обезбедела оваа перспектива.

Овој проблем може да се реши со закажување редовни, неформални состаноци преку видео-конференции. Ова ќе го реши проблемот до одреден степен, но враќањето во нормала веројатно ќе бара транзиција кон средби во лице. Вистинската физичка интеракција со тимот обезбедува најдобар начин за комуникација во врска со стратегијата и сигурност дека секој член на тимот знае како неговата работа се усогласува со таа стратегија.

Анализа на потребите на работната позиција

Многу работодавци препознаваат дека секоја позиција вклучува различни видови активности - некои погодни за работа од далечина, а други не. Многумина од нив спроведуваат анализа на активности за секоја позиција за да утврдат како да управуваат со хибридната работна сила. Оваа анализа ќе ги води додека ги донесуваат клучните одлуки за хибридната работна сила: Колкав канцелариски простор треба да се намали? Кога да се вратат работниците од далечина? Кој ќе работи претежно во канцеларија? Треба ли работниците да имаат канцелариска опција дури и кога можат да работат од далечина без никаква загуба на продуктивноста?

За многумина, хибридната работна сила ќе биде едно од најинтензивните влијанија на глобалната криза. Дури и кога ќе можеме безбедно да се вратиме на работа, многумина од работодавците ќе решат да задржат барем некои вработени дома одредено време. Време е да се започне со ригорозно размислување околу придобивките за бизнисот кога се работи за работа од далечина.

Промовирани огласи »

По големата заинтересираност на Македонците за посета на германскиот трговски синџир „Лидл“ во Врање во соседна Србија, од компанијата доаѓаат добри вести, дека се регистрира компанија и во нашата земја, а ќе биде управувана од нивната филијала од Бугарија.

Според „Фактор“, оваа компанија за малопродажба во петокот ја регистрирала подружницата Лидл Cеверна Македонија Дооел со седиште во Центар, со паричен влог од 500.000 евра. Сопственик е германската матична компанија “ВЕ-Интернационал Цвајте ГмбХ од Некарзулм”.

Сепак, субјектот специјализиран за трговија на мало претежно со храна, пијалаци и тутун ќе биде управуван од Софија, од бизнисмените Милена Емилова Драгијска, Бисер Борисов Инчовски и Љубомир Манолов Хрсев.

Според описот на нивните надлежности и ограничувања, „Лидл“ планира да вложи над 10 милиони евра во продавница и да купи земјиште поголемо од 10.000 квадратни метри.

Минатата година се пишуваше за интересот на „Лидл“ да стартува со една продавница во Македонија, односно со објект кој сам ќе го гради, но истата информација остана непотврдена.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »