Можеби се ближи крајот на нашето патување низ светската здравствена криза, но сега работодавците се соочуваат со дилема: Дали треба да останат дома или да се вратат на работа? Иако не очекувале, многу работодавци откриле дека работниците од далечина можат да бидат исто толку продуктивни од дома, како што биле и во канцеларијата. Секако, целосното враќање на работата во нормала ќе биде неопходно за многу фирми. Но, искуството со работа од далечина кај многу од работодавците ја поттикна дилемата за во иднина каде ќе ја сместат својата работна сила.
Иднината е хибридна
Ова откритие доаѓа од една од најинтензивните студии за иднината на работета од далечина, спроведена кон крајот на минатата година од страна на McKinsey & Co. Неговата анализа на 800 типови на работа во девет земји покажа дека професионалните работодавци најверојатно ќе задржат одредена мешавина од работа од далечина и работа на лице место. Некои од наодите се предвидливи, како што одговара работата од далечина за задачи што се извршуваат автономно и бараат мала интеракција со другите. Работните места во финансии, осигурување, професионални услуги и информатичка технологија честопати покажуваат дека работата од далечина скоро и не влијае на продуктивноста.
Спротивно на тоа, оние задачи што најмногу одговараат на работата која бара присуство вклучуваат менторство, тренинг, обука, решавање проблеми и други за кои е потребно давање совети и повратни информации. За работни места во овие сектори, личното присуство сепак е најсоодветен начин за работа.

Трошоци и придобивки
Во текот на пандемијата разбравме дека работата од далечина е секако пожелна. Но, со текот на времето видовме и дека некои членови на одредени тимови ја губат својата перспектива за тоа како нивната индивидуална работа е поврзана со нашата целокупна стратегија. Ако тие работеле во канцеларија, нивната честа физичка интеракција со високиот менаџмент ќе ја обезбедела оваа перспектива.
Овој проблем може да се реши со закажување редовни, неформални состаноци преку видео-конференции. Ова ќе го реши проблемот до одреден степен, но враќањето во нормала веројатно ќе бара транзиција кон средби во лице. Вистинската физичка интеракција со тимот обезбедува најдобар начин за комуникација во врска со стратегијата и сигурност дека секој член на тимот знае како неговата работа се усогласува со таа стратегија.
Анализа на потребите на работната позиција
Многу работодавци препознаваат дека секоја позиција вклучува различни видови активности - некои погодни за работа од далечина, а други не. Многумина од нив спроведуваат анализа на активности за секоја позиција за да утврдат како да управуваат со хибридната работна сила. Оваа анализа ќе ги води додека ги донесуваат клучните одлуки за хибридната работна сила: Колкав канцелариски простор треба да се намали? Кога да се вратат работниците од далечина? Кој ќе работи претежно во канцеларија? Треба ли работниците да имаат канцелариска опција дури и кога можат да работат од далечина без никаква загуба на продуктивноста?
За многумина, хибридната работна сила ќе биде едно од најинтензивните влијанија на глобалната криза. Дури и кога ќе можеме безбедно да се вратиме на работа, многумина од работодавците ќе решат да задржат барем некои вработени дома одредено време. Време е да се започне со ригорозно размислување околу придобивките за бизнисот кога се работи за работа од далечина.