Промовирани огласи »

По големата заинтересираност на Македонците за посета на германскиот трговски синџир „Лидл“ во Врање во соседна Србија, од компанијата доаѓаат добри вести, дека се регистрира компанија и во нашата земја, а ќе биде управувана од нивната филијала од Бугарија.

Според „Фактор“, оваа компанија за малопродажба во петокот ја регистрирала подружницата Лидл Cеверна Македонија Дооел со седиште во Центар, со паричен влог од 500.000 евра. Сопственик е германската матична компанија “ВЕ-Интернационал Цвајте ГмбХ од Некарзулм”.

Сепак, субјектот специјализиран за трговија на мало претежно со храна, пијалаци и тутун ќе биде управуван од Софија, од бизнисмените Милена Емилова Драгијска, Бисер Борисов Инчовски и Љубомир Манолов Хрсев.

Според описот на нивните надлежности и ограничувања, „Лидл“ планира да вложи над 10 милиони евра во продавница и да купи земјиште поголемо од 10.000 квадратни метри.

Минатата година се пишуваше за интересот на „Лидл“ да стартува со една продавница во Македонија, односно со објект кој сам ќе го гради, но истата информација остана непотврдена.

Промовирани огласи »

Халкидики: Хотелиерите подготвени на туристите да им платат 50 отсто од трошоците за ПЦР тест

Ќе се олесни ли летувањето во Грција за оваа година?

Намерата 50 отсто од трошоците за ПЦР тестовите за туристите чија дестинација е Халкидики да бидат покриени од членовите на Сојузот на хотелиери на Халкидики и на туристичката организација на полуостровот, ја изразува претседателот на двете организации, Григорис Тасиос говорејќи за грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Тасиос, кој воедно е и претседател на Грчката федерација на хотелиери, вели дека тоа е иницијатива која била спроведена и лани во август.

-Туристот со дестинација Халкидики, тестот заедно со сметката ќе ги покаже при пријавувањето во хотелот и ќе му биде вратен половина од износот што го платил, објаснува Тасиос, посочувајќи дека со конкретниот предлог, го зајакнуваат размислувањето на Владата за отворање на копнените граници.

За АНА-МПА додава дека отворањето на туризмот се базира на три точки: сертификат за вакцинација или рапид тест или ПЦР тест.

Во однос на сертификатот за вакцинација, во интервјуто за солунското радио „Тесалоники 94.5“, Тасиос изразува задоволство од постигнатиот договор меѓу Грција и Израел и вели дека може дури од почетокот на мај да пристигнат првите израелски туристи, а не ја исклучува можноста билатерални договори да се склучат и со балканските земји.

-Полека полека се одмотува клопчето. Постои расположение да се отворат нашите копнени граници и постои раздвиженост за договори со земји од Балканот, иако загрижени сме во однос на инфраструктурата на царините на граничните премини, објаснува претседателот на Грчката федерација на хотелиери и истакнува дека ако не постои договор за сертификатот за вакцинација на европско ниво, тогаш Грција ќе треба да склучи меѓудржавни договори за да има предност во конкуренцијата со Шпанија и Турција.

Тагови: туристи

Промовирани огласи »

Важни совети за работниците: Како да се изборите за поголема плата?

Важни совети за работниците!

Бидете мудри, работете паметно и сметајте на поголема плата. Преземете едноставни чекори со чија помош ќе го постигнете ова.

Не двоумете се да побарате поголема плата. Ако избегнувате отворен разговор, наметнете се со квалитетите. Најлесен начин да добиете поголема месечна плата е да го прашате шефот – така јасно ќе му ставите до знаење што сакате, а одговорот ќе го добиете веднаш.

Специјализирајте се

Станете експерт за одредена област, работа или задачи во вашата фирма. Ќе имате помалку работа бидејќи луѓето нема да ви се обраќаат за се` и сешто. Ќе знаат дека сте експерт за нешто, па ќе ве штедат за покрупни задачи.

Приспособете се

Размислете како можете да ги приспособите своите способности на она што ѝ е потребно на вашата фирма. Ако повеќе се ценат вработените што подобро владеат со компјутерски вештини, поработете на тоа.

Тренирајте

Ако колегите често ве викаат да се консултирате околу работата во некоја програма, како да состават соопштение или да организираат настан, размислете за тоа да се занимавате со обука на нови кадри во вашата фирма.

Набавете сертификат

Сертификат со завршен курс подобро ќе ве позиционира на работа. Завршете некој курс надвор од работата и известете го шефот за тоа.

Не се откажувајте

Ако на позицијата на која работите нема место за зголемување на платата, не очајувајте. Побарајте преместување на подобро платено место во фирмата. Не се откажувајте од вашата цел дури ни по цена тоа да бара промена на компанијата.

Промовирани огласи »

Во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почна вакцинацијата против коронавирус. Денеска е предвидено да бидат вакцинирани 260 здравствени работници.

Како што претходно најави Министерството за здравство,  прв ќе се вакцинира медицинскиот персонал што работи на Инфективната клиника во Скопје. Пунктот во модуларната болница, каде што има шест вакцинални позиции, ќе работи во две смени, од 8 до 20 часот, а вакцинацијата ќе ја спроведуваат медицински тимови од Здравствниот дом Скопје.

Според утврдениот план, термините за вакцинирање ќе бидат на 10 минути.

На секој здравствен работник што ќе прими вакцина веднаш ќе му биде резервирана втора доза за ревакцинација.

Викендов во нашата земја о Србија пристигнаа 4.680 дози вакцини од производителот „Фајзер“. Со оваа пратка вакцини имунизацијата ќе се спроведува само во модуларната болница во Скопје.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »