Промовирани огласи »

 Научниците вработени во Шпанскиот национален совет за истражување (ЦСИК) препорачуваат луѓето да молчат во метро и јавниот превоз за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Тие го објаснија ова мислење со фактот дека податоците укажуваат оти оваа мерка значително ќе го намали ризикот од зараза.

Со месеци експертите за епидемиологија и аеросоли ширум светот повикуваат на поостри мерки за спречување на ширење на коронавирусот низ воздухот, а покрај одржување растојание, хигиена и носење заштитни маски, се препорачува проветрување како една од клучните мерки за спречување на ширење на вирусот.

Истражувачката на ЦСИЦ, Марија Круз Мунгијон, ја истакна важноста на проветрувањето, но исто така рече дека треба да се почитува друга мерка – молчење во јавниот превоз.

– Би било идеално ако метрото иницира „постојана тишина“. Молчењето и добра соодветна маска го намалуваат ризикот. Ако зборувам на телефон или зборувам гласно затоа што е бучно во метрото, се емитуваат 50 пати повеќе аеросоли, истакна таа.

Таа објасни дека оваа мерка е многу важна, бидејќи во метро нема вентилација и оти ако некој има вирус и се вози со метро, важно е воздухот да биде што помалку загаден.

Исто така, истакнува дека оваа мерка треба да важи и за други видови јавен превоз.

Промовирани огласи »

Регулаторна одлучи: Ова се новите цени на горивата

Нова одлука - нови цени.

Регулаторната комисија за енергетика денеска ги објави новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 26.10.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 60,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се намалуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 26.10.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,107 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 26.10.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 25,831 ден/кг.

Промовирани огласи »

Кафулињата и рестораните ќе се затвораат во 21 часот?

Дали е потребен ваков чекор?

Комисијата за заразни болести ќе предложи до Владата кафулињата, кафеаните, рестораните и сите други угостителски објекти ќе работат до 21 часот наместо како досега до 23 часот, пренесува „360 степени“ повикувајќи се од владини извори.

Комисијата наводно овој предлог ќе го достави до Владата, и се очекува да биде усвоен на владина седница.

Скратувањето на работното време како предлог денеска бил разгледан и одобрен од владиниот кризен штаб.

Венко Филипче вчера во интервју за ТВ Сител, рече дека ако мерките не даваат резултати, ќе биде разгледано целосно затворање на угостителските објекти неколку часа порано од сега во 23 часот.

Промовирани огласи »

И покрај тоа што Владата најави во Србија денеска нема да може да се влезе без негативен ПЦР тест.

Од Владата велат дека мерката ќе стапи во сила деновиве откако ќе се завршат сите административни процедури.

Ваквата одлука ја донесоа премиерот Зоран Заев заедно со албанскиот премиер Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ, меѓутоа иако по состанокот македонската Влада соопшти дека мерката во сила ќе стапи денеска Вучиќ во саботата изјави дека сепак македонските граѓани во Србија ќе можат да влезат без негативен ПЦР тест дури на 10ти ноември. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »