Промовирани огласи »

Кафулињата и рестораните ќе се затвораат во 21 часот?

Дали е потребен ваков чекор?

Комисијата за заразни болести ќе предложи до Владата кафулињата, кафеаните, рестораните и сите други угостителски објекти ќе работат до 21 часот наместо како досега до 23 часот, пренесува „360 степени“ повикувајќи се од владини извори.

Комисијата наводно овој предлог ќе го достави до Владата, и се очекува да биде усвоен на владина седница.

Скратувањето на работното време како предлог денеска бил разгледан и одобрен од владиниот кризен штаб.

Венко Филипче вчера во интервју за ТВ Сител, рече дека ако мерките не даваат резултати, ќе биде разгледано целосно затворање на угостителските објекти неколку часа порано од сега во 23 часот.

Промовирани огласи »

И покрај тоа што Владата најави во Србија денеска нема да може да се влезе без негативен ПЦР тест.

Од Владата велат дека мерката ќе стапи во сила деновиве откако ќе се завршат сите административни процедури.

Ваквата одлука ја донесоа премиерот Зоран Заев заедно со албанскиот премиер Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ, меѓутоа иако по состанокот македонската Влада соопшти дека мерката во сила ќе стапи денеска Вучиќ во саботата изјави дека сепак македонските граѓани во Србија ќе можат да влезат без негативен ПЦР тест дури на 10ти ноември. 

Промовирани огласи »

„Lucky days” од 02-08 ноември во „Нептун” - продажна акција со најголеми попусти! Овие “Среќни денови” потрошувачите ќе може да купуваат производи со најголеми попусти и до 60 рати. Разгледајте ги понудите во 25-те продажни салони на Нептун ширум Македонија или онлајн на Neptun.mk и изберете од најголемиoт избор на: телевизори, фрижидери, машини за перење и сушење, плотни, фурни, лаптопи и таблети, мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина од брендовите: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други.

Акцијата важи за купување во Нептун продажните салони ширум Македонија, но и за онлајн продажба преку веб сајтот Neptun.mk и преку нивната мобилна апликација за онлајн шопинг NEPTUN достапна на Play Store и App Store. Не пропуштајте ја оваа идеална прилика за шопинг по супер цени, посетете ги “Нептун” продавниците и уживајте во овие 7 среќни денови!

Нептун Македонија периодов претстави нова маркетинг комуникација преку зборот „АЈДЕ“ и новиот слоган „ЖИВЕЈ ПОДОБРО, СЕКОЈ ДЕН“. Зборот „АЈДЕ“ кој е карактеристичен за ова поднебје, е покана, поттик за купувачите да влезат во НЕПТУН светот и преку нивните работни процеси да им овозможи на потрошувачите подобар живот. „АЈДЕ“ значи „АЈДЕ во Нептун“, „АЈДЕ дојди кај нас“, „Ајде истражи“, „АЈДЕ купи на рати без камата“ и многу повеќе. Значи, за подобар квалитет на живот, кој подразбира комфорт, удобност, избор, заштеда на време, пари, АЈДЕ, посети го Нептун! АЈДЕ! – ЖИВЕЈ ПОДОБРО, СЕКОЈ ДЕН.

„Нептун Македонија“ најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг опрема, смартфони и ИТ уреди, е присутна 22 год. на македонскиот пазар преку 25 продажни салони во 21 град во Македонија. Со брендови во своето портфолио како Beko, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун” е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава. Нептун Македонија има и широка палета на услуги за своите клиенти како: happy лојалната програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, премиум достава, онлајн продажба, мобилна апликација за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard.

Промовирани огласи »

Државата ќе гарантира за кредитите на компаниите: Еве ги условите

Државата ќе гарантира за кредитите на компаниите: Еве ги условите

Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за Македонска банка за поддршка на развојот со кој се овозможува реализирање на мерката Државен гарантен фонд е поставен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) за јавна консултација. Со предлог-законот се уредува начинот на кој ќе функционира кредитната-гарантна шема, која има за цел да го олесни пристапот до кредити за микро, малите и средни претпријатија, соопшти денеска Министерството за финансии.

„Со предлог-законот се предвидува 10 милиони евра од буџетот да се вложат во Гарантниот фонд, како неповратни средства кои ќе се користат како гаранции кај комeрцијалните банки за земање на кредити. Носењето на овој закон и спроведувањето на оваа мерка е од големо значење за микро, малите и средни претпријатија, бидејќи значително им се олеснува пристапот до капитал и им се дава поддршка во време кога поради кризата е намалена ликвидноста во стопанството, посочува министерот за финансии Фатмир Бесими.

Развојната банка и банките и штедилниците ќе склучат договор за издавањето на гаранциите, а крајни корисници ќе бидат микро, мали и средни трговци, како и големи извозно-ориентирани трговци. За кредитите за обртни средства ќе се гарантира до 80 отсто од износот на кредитот, а за кредитите за основни средства до 50 проценти од износот на кредитот. 

Гарантната шема може да мобилизира ограничена кредитна активност на Гарантниот фонд. Агрегатниот износ на одобрени кредити со гаранција од Гарантниот фонд може да биде најмногу во висина на десеткратниот износ на средствата на Гарантниот фонд. Дополнително, ограничена е и изложеноста на Гарантниот фонд кон одделна банка и штедилница во висина до 25% за банка и 10% за штедилница од износот на средствата на Гарантниот фонд. Со ова решение се влијае на постигнување на една од целите на законот - олеснет пристап до кредити за што е можно поголем број на микро, мали и средни претпријатија.

Во функција на транспарентност и контрола на законитоста во работењето на Гарантниот фонд, Развојната банка ќе објавува број и износ на одобрени кредити, износ на одобрени гаранции и лимит на гаранции по банки и штедилници на квартална основа, а Министерството за финансии ќе објавува полугодишен извештај за фискалните ризици на Гарантниот фонд, гарантната изложеност и започнатите постапки за активирање на гаранциите.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »