Промовирани огласи »

Регулаторна одлучи: Ова се новите цени на горивата

Нова одлука - нови цени.

Регулаторната комисија за енергетика денеска ги објави новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 26.10.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 60,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се намалуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 26.10.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,107 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 26.10.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 25,831 ден/кг.

Промовирани огласи »

Кафулињата и рестораните ќе се затвораат во 21 часот?

Дали е потребен ваков чекор?

Комисијата за заразни болести ќе предложи до Владата кафулињата, кафеаните, рестораните и сите други угостителски објекти ќе работат до 21 часот наместо како досега до 23 часот, пренесува „360 степени“ повикувајќи се од владини извори.

Комисијата наводно овој предлог ќе го достави до Владата, и се очекува да биде усвоен на владина седница.

Скратувањето на работното време како предлог денеска бил разгледан и одобрен од владиниот кризен штаб.

Венко Филипче вчера во интервју за ТВ Сител, рече дека ако мерките не даваат резултати, ќе биде разгледано целосно затворање на угостителските објекти неколку часа порано од сега во 23 часот.

Промовирани огласи »

И покрај тоа што Владата најави во Србија денеска нема да може да се влезе без негативен ПЦР тест.

Од Владата велат дека мерката ќе стапи во сила деновиве откако ќе се завршат сите административни процедури.

Ваквата одлука ја донесоа премиерот Зоран Заев заедно со албанскиот премиер Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ, меѓутоа иако по состанокот македонската Влада соопшти дека мерката во сила ќе стапи денеска Вучиќ во саботата изјави дека сепак македонските граѓани во Србија ќе можат да влезат без негативен ПЦР тест дури на 10ти ноември. 

Промовирани огласи »

„Lucky days” од 02-08 ноември во „Нептун” - продажна акција со најголеми попусти! Овие “Среќни денови” потрошувачите ќе може да купуваат производи со најголеми попусти и до 60 рати. Разгледајте ги понудите во 25-те продажни салони на Нептун ширум Македонија или онлајн на Neptun.mk и изберете од најголемиoт избор на: телевизори, фрижидери, машини за перење и сушење, плотни, фурни, лаптопи и таблети, мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина од брендовите: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други.

Акцијата важи за купување во Нептун продажните салони ширум Македонија, но и за онлајн продажба преку веб сајтот Neptun.mk и преку нивната мобилна апликација за онлајн шопинг NEPTUN достапна на Play Store и App Store. Не пропуштајте ја оваа идеална прилика за шопинг по супер цени, посетете ги “Нептун” продавниците и уживајте во овие 7 среќни денови!

Нептун Македонија периодов претстави нова маркетинг комуникација преку зборот „АЈДЕ“ и новиот слоган „ЖИВЕЈ ПОДОБРО, СЕКОЈ ДЕН“. Зборот „АЈДЕ“ кој е карактеристичен за ова поднебје, е покана, поттик за купувачите да влезат во НЕПТУН светот и преку нивните работни процеси да им овозможи на потрошувачите подобар живот. „АЈДЕ“ значи „АЈДЕ во Нептун“, „АЈДЕ дојди кај нас“, „Ајде истражи“, „АЈДЕ купи на рати без камата“ и многу повеќе. Значи, за подобар квалитет на живот, кој подразбира комфорт, удобност, избор, заштеда на време, пари, АЈДЕ, посети го Нептун! АЈДЕ! – ЖИВЕЈ ПОДОБРО, СЕКОЈ ДЕН.

„Нептун Македонија“ најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг опрема, смартфони и ИТ уреди, е присутна 22 год. на македонскиот пазар преку 25 продажни салони во 21 град во Македонија. Со брендови во своето портфолио како Beko, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун” е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава. Нептун Македонија има и широка палета на услуги за своите клиенти како: happy лојалната програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, премиум достава, онлајн продажба, мобилна апликација за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »