Промовирани огласи »

Македонци од Германија бараат поедноставување на постапката за вадење македонски пасоши

Македонци од Германија бараат поедноставување на постапката за вадење македонски пасоши

 Додека се зголемува потребата за точни и брзи информации, начинот на работење на дипломатско-конзуларни претставништва останува ист. 

 Иницијативен одбор формиран од македонски државјани со престој во Германија преку отворено писмо апелираат за подобрување на услугите во дипломатско-конзуларните претставништва на земјава и бараат поедноставување на постапката за вадење македонски пасоши.

– Додека се зголемува потребата за точни и брзи информации, начинот на работење на дипломатско-конзуларни претставништва останува ист. Услугите кои ги добиваме од нив ги оценуваме како недостојни и недоволни за нас. Овие услуги се на застарено ниво и не нудат флексибилна, ефикасна и достојна услуга за нашите граѓани во Германија. Два главни проблеми, поради кои се започнува оваа иницијатива, се постапката за продолжување на патна исправа и општата достапност на информации, се наведува во отвореното писмо.

Авторите на писмото посочуваат дека речиси е невозможно да се поднесе и добие пасош во нашата амбасада, поради долга и нејасна постапка, па затоа најчесто се принудени постапката да ја почнат во земјава, дури и во време на пандемија и други непредвидливи бариери за прекугранично патување.

– Достапноста на информации е на едно поразително ниво. Веб страните не се ажурираат редовно, телефонско советување е речиси невозможно, или зависи од непрофесионални службеници. Ниту пандемијата како вонредна состојба во целиот свет не смени ништо во начинот на информирање, иако тоа беше попотребно од било кога, велат нашинците кој престојуваат во Германија.

Тие бараат формирање на дежурен центар, кој ќе работи 365 дена во годината и ќе биде квалитетно обучен и опремен да доставува информации на граѓаните за состојбата на границите, за нивните права, како и секакви информации за дипломатско-конзуларните претставништва, достапен на бесплатен или ниско тарифен германски фиксен телефонски број и на македонски како и на јазиците на националностите кои живеат во земјава.

Натаму тие бараат да се воведе можност за поднесување на документи и за добивање на патна исправа во дипломатско-конзуларните преставништва.

– Опремување на ДКП исто како и секоја служба за патни исправи во Македонија. Електронски систем за закажување на термин за поднесување на документи за нова патна исправа или лична карта. Електронско поднесување на барањето за обнова на документите. Можност за фотографирање, исто како и во службите во Македонија. Опремување на сите ДКП како би биле достапни за повекето граѓани кои живеат на територијата на цела Германија. Така обработените барања да се праќаат веднаш до центарот за печатење во Македонија се дел од барањата наведени во отвореното писмо.

Иницијативениот одбор бара и изготвените пасоши да се доставуваат во најбрзо време со дипломатска пошта, а Министерството да склучи и договор со авиокомпаниите кои би ја доставувале поштата, со што готовите патни исправи би се доставувале на граѓаните во Германија лично или преку курирска служба со препорачана пошта, за да не мораат да патуваат два пати во ДКП.

– За таа цел Амбасадата во Германија да склучи договор со една од курирските служби кои ќе го извршуваат доставувањето. Времетраењето од поднесување на апликацијата до добивање на пасошот да не трае повеќе од двојно на една пасошка служба во Македонија, се додава во писмото.

Тие бараат и да се формира заеднички совет меѓу Министерството за надворешни работи, ДКП и граѓанската иницијатива, која ќе ја следи и ќе дава препораки за подобрување на услугата на дипломатско-конзуларните претставништва, кој ќе се состанува најмалку еднаш во шест месеци и ќе изготвува записник што ќе се доставува до Владата и МНР.

-Барањата се базираат на начинот на работење на многу амбасади во Германија, така што не се работи за нереални барања. Веруваме дека со користење на достапната технологија и обучен, мотивиран кадар ќе се овозможи достоен сервис за нашите граѓани, се додава во отвореното писмо./МИА.

Промовирани огласи »

Цените на горивата се зголемуваат за по половина денар

Нови цени на горивата

Регулаторната Комисија за Енергетика објави дека од вечерва на полноќ максималните цени на горивата ќе се зголемат за по половина денар.

Во согласност со методологијата која се користи за пресметка на цените, малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 1.42%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се зголемуваат за по половина денар. Соодветно на тоа, еден литар 95-октански бензин ќе чини 59.50 денари, еден литар 98-0ктански бензин ќе чини 61.50 денари, а еден литар дизел ќе чини 50.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

Промовирани огласи »

Ова се четирите најбогати земји во светот

Парите за нив не се проблем

Има четири земји во светот со БДП по глава на жител над 100.000 долари. 

Овие податоци ги објави Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за 2020 година.

Прва е Катар. БДП по глава на жител во Катар е 138,9 илјади долари, Макао 113,4 илјади, Луксембург 112 илјади и Сингапур 105,7 илјади долари.

Ова се податоците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за 2020 година, а ги пренесува порталот Howmuch.net.

Соединетите американски држави не се ниту близу до најбогатата земја во светот.

САД се всушност во средната класа на земји, а земјите во Африка се најсиромашни, а двете најбогати земји на тој континент не се физички на копно. Се работи за Сејшелите (33,1 илјади американски долари) и Маурициус (26,5 илјади американски долари).

Со години истите земји се на врвот по богатството. 

Промовирани огласи »

Викенд без ДДВ: Граѓаните потрошиле 8,5 милиони евра, државата ќе им врати само еден милион евра ДДВ

А очекуваше промет од 170 милиони евра за да врати 17 милиони ДДВ - фијаско или?

Граѓаните потрошиле 526 милиони денари (8,5 милиони евра) во трите дена од продолжениот Викенд без ДДВ, а на граѓаните ќе им биде вратен данок во вкупна вредност од 63,4 милиони денари (нешто над еден милион евра). Од Управата за јавни приходи велат прометот на 10, 11 и 12 октомври кога и беше Викенд без ДДВ е за два пати поголем од потрошеното во трите дена кои им претходеле. Владата одлучи деновите 10, 11 и 12 октомври да бидат денови во кои на граѓаните ќе им се врати сиот платен ДДВ од сметките кои ќе ги скенираат ама за купените македонски производи и ИТ опрема. Сепак Владата очекуваше во овие три дена да се направи промет со домашни производи од 170 милиони евра, а на граѓаните да им се врати ДДВ од 17 милиони евра.

Иако има уште два дена за скенирање на сметките кои биле издадени вчера, сепак не се очекува сумата значително да се зголеми. Со ова практично се потврдува очекувањето дека Викендот без ДДВ нема да ги исполни проекциите. Од УЈП секако очекуваат измени до завршување на рокот за скенирање на фискалните сметки, бидејќи фискалните сметки од Викендот без ДДВ се скенираат во рок од три дена по издавањето на сметката, што значи дека сметките издадени на 10 октомври може да ги скенираат заклучно со денеска, сметките од 11 октомври се скенираат заклучно со утре, односно 14 октомври 2020 година и сметките издадени на 12 октомври се скенираат заклучно со 15 октомври.

Данокот за скенираните сметки државата ќе го враќа за 15 дена од скенирањето. Секој поединец можеше да скенира сметки за вкупен промет со македонски производи или ИТ опрема од најмногу 30.000 денари. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »