Промовирани огласи »

Викенд без ДДВ: Граѓаните потрошиле 8,5 милиони евра, државата ќе им врати само еден милион евра ДДВ

А очекуваше промет од 170 милиони евра за да врати 17 милиони ДДВ - фијаско или?

Граѓаните потрошиле 526 милиони денари (8,5 милиони евра) во трите дена од продолжениот Викенд без ДДВ, а на граѓаните ќе им биде вратен данок во вкупна вредност од 63,4 милиони денари (нешто над еден милион евра). Од Управата за јавни приходи велат прометот на 10, 11 и 12 октомври кога и беше Викенд без ДДВ е за два пати поголем од потрошеното во трите дена кои им претходеле. Владата одлучи деновите 10, 11 и 12 октомври да бидат денови во кои на граѓаните ќе им се врати сиот платен ДДВ од сметките кои ќе ги скенираат ама за купените македонски производи и ИТ опрема. Сепак Владата очекуваше во овие три дена да се направи промет со домашни производи од 170 милиони евра, а на граѓаните да им се врати ДДВ од 17 милиони евра.

Иако има уште два дена за скенирање на сметките кои биле издадени вчера, сепак не се очекува сумата значително да се зголеми. Со ова практично се потврдува очекувањето дека Викендот без ДДВ нема да ги исполни проекциите. Од УЈП секако очекуваат измени до завршување на рокот за скенирање на фискалните сметки, бидејќи фискалните сметки од Викендот без ДДВ се скенираат во рок од три дена по издавањето на сметката, што значи дека сметките издадени на 10 октомври може да ги скенираат заклучно со денеска, сметките од 11 октомври се скенираат заклучно со утре, односно 14 октомври 2020 година и сметките издадени на 12 октомври се скенираат заклучно со 15 октомври.

Данокот за скенираните сметки државата ќе го враќа за 15 дена од скенирањето. Секој поединец можеше да скенира сметки за вкупен промет со македонски производи или ИТ опрема од најмногу 30.000 денари. 

Промовирани огласи »

Утврден е договорот за набавка на вакцини за КОВИД-19 преку КОВАКС механизмот. 

Ваква одлика е донесена на 11-се седница  на Владата. 

Владата побара од Бирото за јавни набавки да предложи најсоодветен начин за остварување на оваа набавка. 

При тоа го овласти министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче да го потпише Договорот за преземени обврски со Глобалниот сојуз за вакцини за набавка на вакцини за КОВИД-19 преку COVAX и во координација со Министерството за финансии и Генералниот секретаријат на Владата да ги обезбедат потребните финансиски средства за да се изврши уплата на аванс и да се обезбеди финансиска гаранција согласно потпишаниот Договор за преземени обврски со Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ) (GAVI ALLIANCE), за набавка на вакцини за КОВИД-19 преку COVAX механизмот за пристап до безбедни и ефективни вакцини за COVID-19, потврдени и регулирани од Светската здравствена организација.

За 24 часа имаме 80 нови заразени со коронавирусот во земјава. 

Промовирани огласи »

Визер продолжува со суспензија на летови од екс-ју земјите, најмногу од Скопје

Авиокомпанијата Визер суспендира летови од регионот, најголем број откажувања од Скопје и Охрид

Авиокомпанијата „Визер“ е во процес на суспензија на околу 50 авиолинии од земјите од поранешна Југославија, објави специјализираниот портал Екс-Ју Авијација, посочувајќи дека најголем број од нив ќе бидат од Скопје, Тузла, Охрид, Подгорица, Белград, Ниш, Приштина, Љубљана, Сплит и Сараево.

Неколку летови што се уште се активни, како што се Виена-Охрид, Стокхолм Скавста-Скопје и Меминген-Подгорица, ќе бидат суспендирани за две недели и нема да ги има во текот на зимската сезона.

Промовирани огласи »

 Премиерот, но и вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, повикуваат да се искористи денешниот последен ден за викенд без ДДВ. 


Еве што напиша на својот фејсбук профил премиерот Заев.
Денеска е последниот ден од „Викенд без ДДВ“, искористете го за купување македонски производи или услуги, како и за компјутерска опрема.Со скенирање на сметките преку апликацијата МојДДВ (во рок од 3 дена од издавањето на фискалната сметка), ќе ви биде вратен целосниот износ на пресметаниот ДДВ од македонски производи и услуги и од компјутерска опрема.Да ја поддржиме домашната економија, да купуваме домашни производи.Иста објава имаше и вицепремиерот Љупчо Николовски. 

Дали можеби викендот без ДДВ не ги даде очекуваните резултати, па врвните владини функционери решија да ги повикаат граѓаните да го искористат последниот ден.

Или, пак, станува збор само за потсетување до граѓаните да ја искористат оваа последна од четвртиот сет економски владини мерки за спас на економијата која е погодена од кризата од коронавирусот.

Некои од продавниците што продаваат македонски производи, главно облека и постелнини, на социјалните мрежи наголемо се рекламираат и ги повикуваат граѓаните да го искористат викендот без ДДВ, најавувајќи и дека нивните салони и денеска ќе бидат отворени, некои до 18 часот.

Владата очекуваше на викендот без ДДВ да се свртат 170 милиони евра, од кои 17 милиони евра би се вратиле назад кај граѓаните.

Дел од граѓаните се жалеа дека некои од продавниците каде што би пазареле, се затворени.

После првиот ден, од Управата за јавни приходи соопштија дека прометот со македонски производи е зголемен за три пати.

Колку бил успешен викендот без ДДВ, ќе се знае од утре, откако ќе се направат анализите.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »