Има четири земји во светот со БДП по глава на жител над 100.000 долари.

Овие податоци ги објави Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за 2020 година.
Прва е Катар. БДП по глава на жител во Катар е 138,9 илјади долари, Макао 113,4 илјади, Луксембург 112 илјади и Сингапур 105,7 илјади долари.
Ова се податоците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за 2020 година, а ги пренесува порталот Howmuch.net.
Соединетите американски држави не се ниту близу до најбогатата земја во светот.
САД се всушност во средната класа на земји, а земјите во Африка се најсиромашни, а двете најбогати земји на тој континент не се физички на копно. Се работи за Сејшелите (33,1 илјади американски долари) и Маурициус (26,5 илјади американски долари).
Со години истите земји се на врвот по богатството.