Промовирани огласи »

Летно освежување од А1, попуст од 15.000 денари за купување на уред

А1 Македонија со зголемен попуст за уреди за своите корисници на A1 Combo

А1 Македонија со зголемен попуст за уреди за своите корисници на A1 Combo

Од денес, корисниците на фиксни и мобилни услуги во пакетот А1 Combo имаат можност да искористат попуст од 15.000 денари за купување на смартфон, телевизор, лаптоп или таблет.

Со започнување на летниот период и со зголемената потреба за уживање и забава во летните денови, А1 им овозможува на своите корисници да искористат поголем попуст за купување на уреди со кои ќе можат со леснотија да ги поминуваат летните денови во овие специфични услови. Со комбинирање на услугите за интернет за дома, телевизија и мобилна телефонија, корисниците имаат можност да креираат решение која најмногу одговара на нивните потреби. Имено, корисниците на А1 Combo добиваат попуст од 15.000 денари за купување на уред доколку склучат договор за фиксен пакет A1 Combo Neo 4M со вклучена една мобилна линија A1 Neo L. Истиот овој договор доколку се склучи online преку дигиталните платформи на А1, субвенцијата е 16.000 денари. Дополнително, со секоја наредна мобилна линија која се додава во пакетот, попустот за уред се зголемува.

Промотивната понуда можат да ја искористат ситеприватни и бизнис корисници на пакетот А1 Combo, без разлика дали склучуваат нов договор, прават надоградба на пакет, спојуваат услуги или обновуваат веќе постоечки договорза период од 24 месеци. Со самото поврзување на услугите, активација или продолжување на договорите, корисниците добиваат ексклузивна можност да направат комбинација со субвенциите кои следуваат за мобилните линии.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.

Промовирани огласи »

Денеска завршува важењето на уредбата со законска сила со која од април се запре извршувањето од сметките на граѓаните и фирмите до 30 јуни. 

Според одредбите од оваа Уредба до 30 јуни, извршителите беа должни да запрат со преземање на било какви извршни дејствија, освен во предметите за побарувања врз основа на законска издршка. За ова време извршителите можеа да примаат барања за извршување, но само да ги евидентираат. До сега можеа и да изготвуваат налог за извршување врз недвижност и електронска достава до јавната книга заради прибележување на налогот, и изготвување на налог за забрана за располагање и оптоварување на хартии од вредност и електронска достава до Депозитарот за хартии од вредност.

Во меѓувреме не запре пресметката на каматата на долгот што го имаат физичките и правните лица. До сега граѓаните и фирмите кои имаа задршки на плати или од сметки по основ на некое извршно решение, за истото до 30 јуни не требаше да плаќаат, односно банката не смееше да им задржува рата во висина која била договорена.

Извршителите во изминатиот период не смееја да прават нови извршни дејства освен во некои случаи кои јасно стојат во владината уредба. Старите решенија по основ на кои веќе се задржува од сметките беа стопирани до 30 јуни. Должниците кои немале задршки од плата, а кои самоволно уплатувале по дел од долгот на месечно ниво, во меѓувреме имаа право да престанат со тоа. 

Извршителите за овој период тврдеа дека приходите ќе им бидат намалени за над 90 отсто и вели дека ова ќе се одрази на нивната работа.

Инаку и работодавачите и ФПИОМ и носителите на платниот промет односно банките беа должни да запрат со постапување по издадените налози од страна на извршителите.

Промовирани огласи »

Ангеловска: МојДДВ #МојаНаграда се адаптира на COVID-19 состојбата

Се намалува паричниот износ на наградите од МојДДВ #МојаНаграда

МојДДВ #МојаНаграда се адаптира на COVID-19 состојбата. Ќе има поголем број на дневни награди од 1.000 денари за сите оние кои скенираат сметки и придонесуваат во борбата против сивата економија, променети износи на награди за месечните и главното извлекување, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот профил на Фејсбук.

Од јули до декември ќе има поголем број помали дневни награди, наместо 10 дневни награди по 1.000 денари, 2.000 денари и 3.000 денари ќе се доделуваат по 30 награди секој ден од по 1.000 ден. Месечните извлекувања од август за секое коло ќе имаат промена – ќе се доделуваат по 15 награди од по 20.000 денари наместо 100.000 денари. Месечното извлекување за јули ќе се изврши согласно постојните правила!

На 4 месецов ќе се одржи извлекувањето за 15 награди од по 100.000 денари во кое учествуваат сите скенирани фискални сметки во април, мај и јуни. На главното извлекување на 19 декември ќе се доделат 1.000.000 денари, наместо иницијално предвидените 3.000.000 денари.

-Со оваа измена ќе се доделат повеќе награди на повеќе граѓани кои скенираат сметки и учествуваат во борбата против сивата економија и воедно ќе се овозможи 9,7 милиони денари од наградниот фонд да бидат донирани кон солидарниот ковид фонд за социо-економски мерки за справување со кризата.Купувајте производи! Скенирајте ! Остварете поголем поврат на ДДВ! Добијте шанса за награда… и придонесете во ревитализирање на македонската економија, порачува Ангеловска.

Промовирани огласи »

Извршителите не смеат да ги чепкаат предметите до 23 јули

Извршителите не смеат да превземаат дејства.

Течат 30-те дена по престанокот на вонредната состојба, рок во кој извршителите не смеат да ги чепкаат предметите според последните измени на Уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување. Со овие измени, место до 30 јуни, извршителите не смеат да преземаат дејства заклучно со триесеттиот ден по истекот на вонредната состојба, односно до 23 јули.

Од извршување се изземаат примањата по следните основи: законска издршка, надоместок на штета поради нарушување на здравјето или намалување, односно губење на работната способност и надоместок на штета за загубена издршка поради смрт, примање поради телесно оштетување; парична помош од социјална заштита; примање врз основа на привремена невработеност, детски додаток, студентски кредит, надоместок за работа на осуден во казненопоправен дом, „социјална пензија;  надоместок на штети за елементарни непогоди, надоместок за згрижување на згрижувачко семејство, надоместок за деца корисници на семејна пензија, примања на лица во резервниот состав на Армијата и Полицијата, примања на воени и на мирновременски воени инвалиди, ортопедски додаток и инвалидски додаток, примање врз основа на договор за доживотна издршка и доживотна рента, како и врз примањето врз основа на договор за осигурување на животот и средствата исплатени како финансиска поддршка или субвенција на правни и на физички лица заради надминување на последиците од ковид-19.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »