Промовирани огласи »

Ангеловска: МојДДВ #МојаНаграда се адаптира на COVID-19 состојбата

Се намалува паричниот износ на наградите од МојДДВ #МојаНаграда

МојДДВ #МојаНаграда се адаптира на COVID-19 состојбата. Ќе има поголем број на дневни награди од 1.000 денари за сите оние кои скенираат сметки и придонесуваат во борбата против сивата економија, променети износи на награди за месечните и главното извлекување, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот профил на Фејсбук.

Од јули до декември ќе има поголем број помали дневни награди, наместо 10 дневни награди по 1.000 денари, 2.000 денари и 3.000 денари ќе се доделуваат по 30 награди секој ден од по 1.000 ден. Месечните извлекувања од август за секое коло ќе имаат промена – ќе се доделуваат по 15 награди од по 20.000 денари наместо 100.000 денари. Месечното извлекување за јули ќе се изврши согласно постојните правила!

На 4 месецов ќе се одржи извлекувањето за 15 награди од по 100.000 денари во кое учествуваат сите скенирани фискални сметки во април, мај и јуни. На главното извлекување на 19 декември ќе се доделат 1.000.000 денари, наместо иницијално предвидените 3.000.000 денари.

-Со оваа измена ќе се доделат повеќе награди на повеќе граѓани кои скенираат сметки и учествуваат во борбата против сивата економија и воедно ќе се овозможи 9,7 милиони денари од наградниот фонд да бидат донирани кон солидарниот ковид фонд за социо-економски мерки за справување со кризата.Купувајте производи! Скенирајте ! Остварете поголем поврат на ДДВ! Добијте шанса за награда… и придонесете во ревитализирање на македонската економија, порачува Ангеловска.

Промовирани огласи »

Извршителите не смеат да ги чепкаат предметите до 23 јули

Извршителите не смеат да превземаат дејства.

Течат 30-те дена по престанокот на вонредната состојба, рок во кој извршителите не смеат да ги чепкаат предметите според последните измени на Уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување. Со овие измени, место до 30 јуни, извршителите не смеат да преземаат дејства заклучно со триесеттиот ден по истекот на вонредната состојба, односно до 23 јули.

Од извршување се изземаат примањата по следните основи: законска издршка, надоместок на штета поради нарушување на здравјето или намалување, односно губење на работната способност и надоместок на штета за загубена издршка поради смрт, примање поради телесно оштетување; парична помош од социјална заштита; примање врз основа на привремена невработеност, детски додаток, студентски кредит, надоместок за работа на осуден во казненопоправен дом, „социјална пензија;  надоместок на штети за елементарни непогоди, надоместок за згрижување на згрижувачко семејство, надоместок за деца корисници на семејна пензија, примања на лица во резервниот состав на Армијата и Полицијата, примања на воени и на мирновременски воени инвалиди, ортопедски додаток и инвалидски додаток, примање врз основа на договор за доживотна издршка и доживотна рента, како и врз примањето врз основа на договор за осигурување на животот и средствата исплатени како финансиска поддршка или субвенција на правни и на физички лица заради надминување на последиците од ковид-19.

Промовирани огласи »

Советот на ЕУ донесе одлука за влез на граѓани од трети земји на територијата на Унијата од 1 јули, Северна Македонија не ги исполнува епидемиолошките критериуми, јави дописничката на МИА од Брисел.

И покрај препораката на Европската комисија да им се даде зелено светло на сите земји од Западниот Балкан за влез во ЕУ од 1 јули, земјите членки се согласија да дозволат постепено укинување на рестрикциите само за граѓаните на Србија и Црна Гора.

Зелено светло добија и Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Северна Кореа, Тајланд, Тунис и Уругвај.

Списокот на земји ќе се ревидира секои две недели врз основа на епидемиолошката состојба во секоја од нив.

Што се однесува до Кина, Европската Унија ќе прифати отворање на границите доколку дозволата биде взаемна.

Критериумите врз кои се донесе оваа одлука се епидемиолошката состојба, мерките на заштита како физичката дистанција, како и економски и социјални параметри, објаснуваат од Советот на ЕУ.

За да добие право да патува во ЕУ, епидемиолошката состојба на една земја треба да исполнува три критериуми: бројот на нови случаи на Ковид-19 во последните 14 дена на 100 илјади граѓани да биде сличен или помал од ЕУ просекот; земјата да покажува намалување или стабилизација на кривата во последните 14 дена, и третиот услов е начинот на кој земјата се справува со Ковид-19 во смисла на достапните информации и нивната веродостојност, тестирањето, следењето на контактите, како и третманот.

Брисел процената ја темели врз информациите што ги добива од делегациите на ЕУ на терен.

За Северна Македонија и другите земји кои остануваат на црната листа важат неколку исклучоци: државјанин на земја на ЕУ и неговото семејство, лица со долгорочен престој во ЕУ и семејството, и се разбира есенцијалните работници како медицинските лица.

Истите правила важат за целата Шенген зона.

Иако оваа препорака на Советот не е правно обврзувачка за земјите членки, и секоја од нив има право да донесе сопствена национална одлука, Советот оценува дека, што се однесува до третите земји за кои не е дозволен влез во ЕУ, земјите членки на ЕУ не треба да донесуваат различни одлуки без да се координираат со останатите земји на Унијата.

Промовирани огласи »

УЈП: Работодавачите и во јуни ќе добијат 14.500 денари од државата

Компаниите може да побараат финансиска поддршка од 14.500 денари за исплата на плати за јуни

Управата за јавни приходи информира дека на системот Е-Даноци може да се најде образецот БФП-ИП/1 со кој компаниите може да побараат финансиска поддршка од 14.500 денари за исплата на плати за јуни.

На системот Е-ПДД, пак, е поставен образецот БФС-СВД/1 со кој финансиска поддршка за исплата на плати за јуни може да побараат самостојните вршители на дејност.

– Согласно измените и дополнувањето на Уредбите со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите и самостојните вршители на дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, заради исплата на платите за месеците април, мај и јуни 2020 година, компаниите и самостојните вршители на дејност мерката 14.500 може да ја користат и во јуни 2020 година.

Мерката за финансиска поддршка во април ја искористиле вкупно 19.696 работодавачи односно 5.707 самостојни вршители на дејност, а во мај 19.730 работодавачи, односно 5.814 самостојни вршители на дејност.

Тагови: УЈП

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »