Промовирани огласи »

Секој полнолетен граѓанин во Србија ќе добие по 100 евра помош од државата. 

Ова  ќе важи без оглед дали некој е вработен, невработен или пензионер. За ова ќе бидат издвоени 520 милиони евра од буџетот на државата.

Претседателот Александар Вучиќ ги претстави економските мерки за помош на економијата. 

Србија сака да им помогне да своите граѓани полесно да ја надминат корона кризата.

За фирмите кои нема да отпуштат повеќе од 10 проценти од вработените, ќе има економска помош.

Понатаму, на секој фризер, чевлар, пекар, на сите вработени во нивните компании, државата ќе им исплати минимална плата. Фризерот не може во овој момент да заработи пари, но ќе има да плати минималец и за себе и за неговиот вработен.

Вучиќ синоќа додаде дека ако однесувањето на граѓаните не се промени, тој ќе биде подготвен следната недела да предложи воведување на 24-часовен полициски час.

Промовирани огласи »

Огромен пад на цените на нафтата. Светските медиуми јавуваат дека цената на американската нафта утрово падна на близу 20 долари за барел веднаш по отворањето на пазарот, што е близу до најниското ниво во последните 20 години.

Американската референтна вредност, позната како Вест Тексас Интермедиејт достигна вредност од 20,6 долари за барел и падна за повеќе од шест проценти. Брент, меѓународна референтна вредност, падна за шест проценти, достигнувајќи вредност од 23,03 долари за барел, што е најниска цена од 2002 година.

Цените на нафтата паднаа за повеќе од половина во изминатиот месец со затворање на пазарите во Европа и Северна Америка, што ја намали побарувачката за нафта.

А денеска се очекува Регулаторната комисија за енергетика да одреди нови цени на горивата, со оглед што таа секој понеделник ги утврдува цените на нафтените деривати во земјава, врз оснива на движењата на цените на светските берзи од претходната недела.

Новите цени на горивата веќе напладне ќе и бидат соопштени на јавноста.

Со оглед што минатата недела паѓаа цените на нафтата, се очекува РКЕ да информира за ново намалување на цените на бензините и дизлелот. 

Пред неколку дена Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, изјави дека до сега во историјата откако е формирано ова тело не е виден ваков пад на дизелот и бензините. Втор пат по ред изминатиот период имаше намалување на горивата, а последниот во просек беше за 9,18 отсто. Според Бисимовски, за големото намалување е заслужна и новововедената методологија на пресметување на цените и маржите кај трговците.

„Ова се моменти кои во историјата на тргувањето со нафтените деривати не се паметат. Нарушениот баланс на понудата и побарувачката поради пандемијата со Ковит 19 донесе силни намалувања на цените и кај нас. Континуираното темпото на  силен тренд на намалување на нафтените деривати е рекордно од кога Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги има надлежност да утврдува највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати.Со денешната одлука повторно драстично ги намаливме цените на нафтените деривати што е потврда дека Методологијата по која се формираат цените на нафтените деривати ги штити интересите на потрошувачите“, рече Бислимовски.

Промовирани огласи »

Личните карти и возачките дозволи од денеска ќе има можност да се достават на домашна адреса на граѓаните. Ова не важи и за пасошите за кои е потребно да се остави отпечаток на прст при подигање на документот.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев најави дека од денеска ќе биде сменет правилникот за да се овозможи оваа услуга.

Тој во саботата на прес-конференција информираше дека дадени се конкретни упатства до Одделот за управни работи како да се однесуваат во ситуација со коронавирусот односно да се почитува соодветното растојание кога граѓаните поднесуваат барања за документи. Дадени се и конкретни насоки за дезинфекција на уредите каде на граѓаните им се зема отпечаток од прст. 

Промовирани огласи »

Малите трговци со собир пред Владата побараа да им се исплатар бруто-плати до престанокот на важноста на мерките и со уредба да им наложи на сопствениците на објектите каде што тие ги остваруваат своите дејности да ја замрзнат наплатата на киријата.

„Почитувани, ние трговците, кои се занимаваме со малопродажба бараме од Владата и надлежните институции да не не забораваат и во пакетот мерки да бидат вклучени и нашите мали бизниси. Во Македонија од вкупно регистрираните фирми,. 80 отсто се микро и мали претпријатија, тоа покажува дека сме значителен дел од економијата на земјата и Владата треба сериозно да размисли. Сите вие, кога се движите по улица, каде и да се свртите гледате мали, малопродажни продавници. Тоа е Македонија, тоа сме ние, а од средина на март сите имаме клуч на врата и со овие загуби ни се заканува целосен колапс и од пуштање на повеќе од 20.000 работници, а за голем дел од нас ова е основен и единствен начин ан егзистенција“, велат малите трговци.

Од таму бараат бруто плати додека траат мерките од страна на Владата да бидат на товар на државата за месеците март, април, мај, да се замрзнат ратите за кредитите во деловните банки како и плаќањето на тековните сметки за електрична енергија, вода итн, субвенционирање неповратни средства се до престанокот на важноста на вонредната ситуација.

„Исто така сакаме да апелираме до сопственциите на објектите, во знак на солидарност, да се откажат од закупнината за овие месеци бидејќи не работиме. И молба до Владата да ги употреби сите механизми во вонредната ситуација, преку Уредба да им наложи на истите да ги замрзнат или олеснат околностите во однос на плаќањето. Товарот треба сите заеднички да го понесеме“, додаваат тие во повикот.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »