Малите трговци со собир пред Владата побараа да им се исплатар бруто-плати до престанокот на важноста на мерките и со уредба да им наложи на сопствениците на објектите каде што тие ги остваруваат своите дејности да ја замрзнат наплатата на киријата.

„Почитувани, ние трговците, кои се занимаваме со малопродажба бараме од Владата и надлежните институции да не не забораваат и во пакетот мерки да бидат вклучени и нашите мали бизниси. Во Македонија од вкупно регистрираните фирми,. 80 отсто се микро и мали претпријатија, тоа покажува дека сме значителен дел од економијата на земјата и Владата треба сериозно да размисли. Сите вие, кога се движите по улица, каде и да се свртите гледате мали, малопродажни продавници. Тоа е Македонија, тоа сме ние, а од средина на март сите имаме клуч на врата и со овие загуби ни се заканува целосен колапс и од пуштање на повеќе од 20.000 работници, а за голем дел од нас ова е основен и единствен начин ан егзистенција“, велат малите трговци.
Од таму бараат бруто плати додека траат мерките од страна на Владата да бидат на товар на државата за месеците март, април, мај, да се замрзнат ратите за кредитите во деловните банки како и плаќањето на тековните сметки за електрична енергија, вода итн, субвенционирање неповратни средства се до престанокот на важноста на вонредната ситуација.
„Исто така сакаме да апелираме до сопственциите на објектите, во знак на солидарност, да се откажат од закупнината за овие месеци бидејќи не работиме. И молба до Владата да ги употреби сите механизми во вонредната ситуација, преку Уредба да им наложи на истите да ги замрзнат или олеснат околностите во однос на плаќањето. Товарот треба сите заеднички да го понесеме“, додаваат тие во повикот.