Промовирани огласи »

Огромен пад на цените на нафтата. Светските медиуми јавуваат дека цената на американската нафта утрово падна на близу 20 долари за барел веднаш по отворањето на пазарот, што е близу до најниското ниво во последните 20 години.

Американската референтна вредност, позната како Вест Тексас Интермедиејт достигна вредност од 20,6 долари за барел и падна за повеќе од шест проценти. Брент, меѓународна референтна вредност, падна за шест проценти, достигнувајќи вредност од 23,03 долари за барел, што е најниска цена од 2002 година.

Цените на нафтата паднаа за повеќе од половина во изминатиот месец со затворање на пазарите во Европа и Северна Америка, што ја намали побарувачката за нафта.

А денеска се очекува Регулаторната комисија за енергетика да одреди нови цени на горивата, со оглед што таа секој понеделник ги утврдува цените на нафтените деривати во земјава, врз оснива на движењата на цените на светските берзи од претходната недела.

Новите цени на горивата веќе напладне ќе и бидат соопштени на јавноста.

Со оглед што минатата недела паѓаа цените на нафтата, се очекува РКЕ да информира за ново намалување на цените на бензините и дизлелот. 

Пред неколку дена Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, изјави дека до сега во историјата откако е формирано ова тело не е виден ваков пад на дизелот и бензините. Втор пат по ред изминатиот период имаше намалување на горивата, а последниот во просек беше за 9,18 отсто. Според Бисимовски, за големото намалување е заслужна и новововедената методологија на пресметување на цените и маржите кај трговците.

„Ова се моменти кои во историјата на тргувањето со нафтените деривати не се паметат. Нарушениот баланс на понудата и побарувачката поради пандемијата со Ковит 19 донесе силни намалувања на цените и кај нас. Континуираното темпото на  силен тренд на намалување на нафтените деривати е рекордно од кога Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги има надлежност да утврдува највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати.Со денешната одлука повторно драстично ги намаливме цените на нафтените деривати што е потврда дека Методологијата по која се формираат цените на нафтените деривати ги штити интересите на потрошувачите“, рече Бислимовски.

Промовирани огласи »

Личните карти и возачките дозволи од денеска ќе има можност да се достават на домашна адреса на граѓаните. Ова не важи и за пасошите за кои е потребно да се остави отпечаток на прст при подигање на документот.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев најави дека од денеска ќе биде сменет правилникот за да се овозможи оваа услуга.

Тој во саботата на прес-конференција информираше дека дадени се конкретни упатства до Одделот за управни работи како да се однесуваат во ситуација со коронавирусот односно да се почитува соодветното растојание кога граѓаните поднесуваат барања за документи. Дадени се и конкретни насоки за дезинфекција на уредите каде на граѓаните им се зема отпечаток од прст. 

Промовирани огласи »

Малите трговци со собир пред Владата побараа да им се исплатар бруто-плати до престанокот на важноста на мерките и со уредба да им наложи на сопствениците на објектите каде што тие ги остваруваат своите дејности да ја замрзнат наплатата на киријата.

„Почитувани, ние трговците, кои се занимаваме со малопродажба бараме од Владата и надлежните институции да не не забораваат и во пакетот мерки да бидат вклучени и нашите мали бизниси. Во Македонија од вкупно регистрираните фирми,. 80 отсто се микро и мали претпријатија, тоа покажува дека сме значителен дел од економијата на земјата и Владата треба сериозно да размисли. Сите вие, кога се движите по улица, каде и да се свртите гледате мали, малопродажни продавници. Тоа е Македонија, тоа сме ние, а од средина на март сите имаме клуч на врата и со овие загуби ни се заканува целосен колапс и од пуштање на повеќе од 20.000 работници, а за голем дел од нас ова е основен и единствен начин ан егзистенција“, велат малите трговци.

Од таму бараат бруто плати додека траат мерките од страна на Владата да бидат на товар на државата за месеците март, април, мај, да се замрзнат ратите за кредитите во деловните банки како и плаќањето на тековните сметки за електрична енергија, вода итн, субвенционирање неповратни средства се до престанокот на важноста на вонредната ситуација.

„Исто така сакаме да апелираме до сопственциите на објектите, во знак на солидарност, да се откажат од закупнината за овие месеци бидејќи не работиме. И молба до Владата да ги употреби сите механизми во вонредната ситуација, преку Уредба да им наложи на истите да ги замрзнат или олеснат околностите во однос на плаќањето. Товарот треба сите заеднички да го понесеме“, додаваат тие во повикот.

Промовирани огласи »

Да го заштитиме секое работно место, секој да има средства за да го преживее и преброди овој период. Да ја заштитиме ликвидноста на буџетот за да ги сервисираме обврските и да ја заштитиме ликвидноста на стопанството кое потоа треба да се рестартира. Ова се целите по кои се раководиме во справувањето со кризата и менаџирањето со буџетот, рече министерката за финансии Нина Ангеловска во интервју за Радио Слободна Европа.

Зборувајќи за што би се кратело од буџетот Ангеловска вели дека се што е во функција на справување со кризата, не може да биде предмет на кратење, како здравството и безбедноста. Таа посочува дека треба да се обезбедат средства секој граѓанин да има средства, да тече социјалната заштита и сите да бидат солидарни, реални и самосвесни. 

Ако зборуваме за кратење на расходната страна, ќе има кратења на одредени стоки и услуги, одредени капитални услуги кои што се купување на опрема, лиценци, софтвери, значи во едни такви услови сè што суштински и директно не се поврзано со справување со корона-кризата мора и може да биде предмет на кратење. А како и зошто со една единствена цел – да се заштити секое едно работно место, секој да има средства да го преброди овој период, сите да бидеме солидарни, да ја заштитиме пред се ликвидноста на буџетот за да ги сервисираме овие обврски и да ја заштитиме ликвидноста на стопанството коешто потоа треба да се рестартира и да продолжи да ја полни цевката за да може да продолжи да оди и да тече нормално и расходната страна – рече Ангеловска.

Таа посочи дека првиот пакет на мерки со кои се нудат бескаматни кредити, субвецнионирање на придонеси и одлагање на плаќање аконтации на данок на добивка грубо чини околу 40 милиони евра: 

Зборуваме за околу, грубо кажано, 40 милиони евра и дополнително 50 милиони евра кои што со Македонската банка за обнова и развој ги најавивме дека ќе ги стави во функција на стопанството преку кредити. Сега се утврдуваат условите и се дискутира и со комерцијалните банки за да истите бидат пласирани преку комерцијалните банки, бидејќи се работи за заем од Европската инвестициона банка кој што е склучен. Сега разговараме за промена на условите, за да истиот биде ставен во функција на справување со кризата и помош на ликвидноста на стопанството. Овој втор сет на мерки кој што се изработува, допрвaо ќе излеземе нели со бројките, меѓутоа оваа мерка за поддршка или исплата на минимална плата на погодените сектори и индустрии, во груба проценка, би чинела околу 100 до 120 милиони евра - рече Ангеловска.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »