Промовирани огласи »

Колку платени слободни денови имаат работниците?

За овие ситуации можете да добиете платени слободни денови

Не секое отсуство од работа значи дека треба да земете годишен одмор или неплатено отсуство. Во одредени лични, семејни и други ситуации, работниците имаат право на платен одмор, односно отсуство од работа со надоместок на плата.

Законот за работните односи предвидува право на платен одмор поради лични и семејни околности  за склучување брак, раѓање дете, како и смрт на близок роднина во траење до седум работни дена. Конкретниот број денови се определува со колективен договор.

За што следуваат платени слободни денови?

За вработените во приватниот сектор, Општиот колективен договор предвидува платен одмор до седум работни дена во текот на годината, зависно од причината за отсуството. Меѓу другото, предвидени се:

Овие денови се однесуваат на платеното отсуство по основите предвидени со колективниот договор, при што вкупното користење по основите од Законот е ограничено на седум работни дена во годината.

Два слободни дена за татковство

Една од ситуациите за која работниците често имаат дилема е раѓањето или посвојувањето дете. Во приватниот сектор, таткото има право на два платени работни дена по овој основ.

Тоа значи дека доколку станете татко, овие денови не се земаат од вашиот годишен одмор, туку станува збор за посебно право на платено отсуство.

Свадба три платени дена

Доколку работникот склучува брак, според Општиот колективен договор за приватниот сектор му следуваат три платени работни дена.

Право на платен одмор има и работникот доколку неговото дете склучува брак  во тој случај се предвидени два работни дена.

При смрт на близок член од семејството

Во особено тешки семејни ситуации, работниците исто така имаат право на платено отсуство. За смрт на сопружник или дете се предвидени пет работни дена, додека за смрт на родител, брат или сестра следуваат два дена.

Два дена се предвидени и при смрт на родител на сопружник, а за смрт на дедо или баба следува еден платен ден.

Платено отсуство за давање крв

Работниците кои доброволно даруваат крв имаат право на два последователни работни дена отсуство за секое давање крв. Едниот ден е денот на дарувањето, а другиот е наредниот работен ден. Доколку крвта е дадена во неработен ден, исто така се обезбедуваат два последователни слободни работни дена.

Што ако работите во јавниот сектор?

Важно е да се знае дека правилата не се идентични за сите работници. Општиот колективен договор за јавниот сектор предвидува поинаков број денови за дел од основите.

На пример, според договорот објавен во 2023 година, во јавниот сектор за склучување брак се предвидени пет работни дена, за склучување брак на дете три дена, а за раѓање или посвојување дете три работни дена. Исто така, договорот предвидува и три дена за развод на брак, како и три дена за полагање правосуден испит, магистратура или докторат.

Затоа, пред да поднесете барање за отсуство, важно е да проверите кој колективен договор се применува кај вашиот работодавач, бидејќи бројот на денови може да се разликува.

Платено отсуство и за други ситуации

Платеното отсуство не се однесува само на семејни околности. Работникот може да има право на надоместок на плата и во други случаи утврдени со закон, како празници и други со закон определени слободни денови, привремена неспособност за работа поради заболување или повреда, како и во определени случаи кога работникот извршува функции или обврски на повик на надлежен орган.

Исто така, кога природата на работата или непрекинатото одвивање на работниот процес бара работникот да работи на празник, важат посебни правила за таквата работа и за известување на надлежниот инспектор на трудот.

Затоа, пред да искористите годишен одмор за некоја од овие ситуации, проверете дали можеби имате право на платено отсуство. Правото не е исто за секоја ситуација, а применливиот колективен договор може да биде особено важен.

Тагови: детски додаток работнички права слободни денови

Промовирани огласи »

Огласи за работа во државна администрација!

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Моментално отворени позиции:

Помлад инспектор - Струмица со градовите: Гевгелија, Валандово и Радовиш, Одделение за инспекциски надзор Струмица со градовите: Гевгелија, Валандово и Радовиш, Сектор за инспекциски надзор и други работи, Државен пазарен инспекторат

Помлад инспектор - Помлад комунален инспектор, Одделение за инспекциски надзор - Инспекторат

Раководител на сектор за нормативно - правни работи

Советник инспектор - Советник за инспекциски надзор Струмица со градовите: Гевгелија, Валандово и Радовиш - Инспектор, Одделение за инспекциски надзор Струмица со градовите: Гевгелија, Валандово и Радовиш, Сектор за инспекциски надзор и други работи, Државен пазарен инспекторат

Советник инспектор - Советник за инспекциски надзор Струмица со градовите: Гевгелија, Валандово и Радовиш - Инспектор, Одделение за инспекциски надзор Струмица со градовите: Гевгелија, Валандово и Радовиш, Сектор за инспекциски надзор и други работи, Државен пазарен инспекторат

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: државна администрација

Промовирани огласи »

Најновите огласи за вработување во Виола Аптеки!

Вработување во Виола Аптеки!

Виола Аптеки се современа компанија чиј примарен фокус на работа е здравствената заштита на граѓаните, преку постојано следење и имплементација на новитетите за превенција и лекување на човековиот организам.

Моментално вработува:

Фармацевтски техничар - 3та смена - нас.Аеродром
Фармацевт - 3та смена - нас.Аеродром
Фармацевт - нас. Аеродром
Фармацевт - нас. Центар
Фармацевт - нас. Карпош
Фармацевтски техничар - нас. Аеродром
Фармацевтски техничар - нас. Центар
Фармацевтски техничар - нас. Карпош

Се уште невработени?! Сите останати работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: ПЗУ Аптека ВИОЛА

Промовирани огласи »

KARIERA.mk на Start Smart во UACS: Поддршка за младите на почетокот на нивниот кариерен пат

Еве како започна Start Smart во UACS

Почетокот на студентскиот живот носи нови можности, нови познанства и први чекори кон професионалната иднина. Токму со таква атмосфера, на 18 септември 2026 година, на локацијата Srekja Bar, се одржа Start Smart, официјалното отворање на академската година 2026/27 на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (UACS).

Настанот беше наменет за новите студенти, кои имаа можност да се запознаат со своите декани и професори, да дознаат повеќе за студиските програми, да го запознаат кампусот и да ги направат првите чекори во новата академска средина.

Како дел од овој важен почеток, KARIERA.mk беше присутна на Start Smart, со цел на студентите уште од самиот старт да им ги приближи можностите што ги очекуваат во текот на нивниот образовен и професионален развој.

Нашиот тим разговараше со студентите за важноста на навременото градење на кариерата, развивањето вештини и следењето на можностите за работа, пракса и дополнително образование. За младите, периодот на студирање е одлична можност постепено да го градат своето професионално портфолио и да се запознаат со потребите на пазарот на труд

На штандот на KARIERA.mk студентите имаа можност да се запознаат и со платформата, каде што можат да пронајдат актуелни огласи за работа, практикантства, обуки и други кариерни можности.

Посебно внимание привлече и Моја Кариера картичката, продукт на KARIERA.mk создаден за полесно поврзување на кандидатите со компаниите. Преку креирање на својот професионален профил и истакнување на вештините, знаењата и интересите, младите можат уште за време на студирањето да започнат да ја градат својата кариера и да ги доближат своите можности до потенцијалните работодавачи.

Start Smart беше повеќе од официјален почеток на новата академска година. Тоа беше можност новите студенти да ја запознаат својата нова средина, да создадат први пријателства и контакти и да започнат едно ново поглавје исполнето со учење, развој и можности.

За KARIERA.mk, присуството на вакви настани е уште една можност да бидеме блиску до младите и да им помогнеме уште од најраните фази да ги препознаат можностите за својот професионален развој.

Следете ја KARIERA.mk за најновите огласи за работа, практикантства, обуки и можности за вашиот следен професионален чекор.

Тагови: Моја кариера картичка напредување во кариера студенти Универзитетот Американ Колеџ Скопје (UACS) Start Smart

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »