Промовирани огласи »

Нешнл географик советува: Посетете ја Македонија во 2019

Македонија ја претрка Црна Гора на листата

Македонија е рангирана на 25 место од 28 земји кои туристите треба да ги посетат во 2019 година, пишува nationalgeographic.

За Македонија се наведува дека е опколена со Србија, Грција, Бугарија, Албанија и Косово, и изоболува со планини и езера. 

Пишува и дека земјата има национални паркови Пелистер, Маврово и Галичица кои треба да ги посетат туристите. 

За Охридското езеро се наведува дека е едно од најдлабоките и најстарите езера во Европа. 

Oд балканските земји претпоследна на листата е Црна Гора. 

Дестинација број еден е Мексико, втора е Амазон во Перу, трета е Фанјингшан во Кина, потоа Дакар во Сенегал, Дордоњ во Франција, а се редат и Нов Зеланд, Виетнам, Гренланд, Оман, Мисури, Француска Полинезија, Швајцарија, Ново Мексико, Белизе, Матера во Италија, Колумбија, Египет и други. 

Промовирани огласи »

ТРЕТА СРЕЌА: Објавен повик за субвенционирање евтини авиолетови

Ќе „падне“ ли избор овој пат?

Tретиот јавен повик за субвенционирање евтини авиолетови e oбјавен. Од 10 јануари, крајниот рок за воведување нови летови се продолжува до 26 март. Новиот тендер е со олеснети услови во делот на воспоставување по две нови дестинации за летање од Скопје и Охрид

„Согласно динамиката која што ја имаме и проектите за 2019, 2020 и 2021 година, предвидени се средства во буџетот на РМ. Очекуваме и се надеваме дека овој повик ќе биде успешен до крајот на годинава”, изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Сугарески се надева дека овојпат ќе се избере компанија и ќе продолжи со развојот на авиосообраќајот во Македонија.

Надлежните информираат дека се прават и дополнителни анализи за економската оправданост за воведување на национален авиопревозник.

Претходните два тендери за избор на нискобуџетски авиопревозник, на кои што единствено се пријави унгарски Виз Ер, пропаднаа поради неисполнување на условите од страна на компанијата.

Промовирани огласи »

Франција со закон им забрани на родителите да ги тепаат децата

Франција забранува ,,воспитно” ударање деца

Долниот дом на францускиот Парламент, Националното собрание, денеска усвои законски измени со кои на родителите им се забранува физичко казнување на нивните деца.

Како што јави ДПА, со измените на францускиот Граѓански кодекс, родителите се задолжуваат своите деца да ги воспитуваат без употреба на „физичко и психолошко насилство“.

Со законските измени, Собранието ја овластува Владата да го процени обемот на физичкото казнување на децата во Франција и следната година да изработи препораки за преземање мерки за подигнување на свеста на родителите за ова прашање.

Измените на Граѓанскиот кодекс беа поддржани од пратениците на владејачките центристички и на левичарските партии, против беше екстремно десничарскиот Национален собир, а мнозинството од претставниците на најголемата опозициска сила, конзервативната партија Републиканци се воздржаа од гласање.

Пред да стапат во сила, законските измени треба да ги одобри и Горниот дом на францускиот Парламент, Сенатот, каде опозицијата има мнозинство.

На усвојувањето на законските измени реагираше Советот на Европа, кој ваквата одлука ја оцени како историска.

Забрана за физичко казнување на децата од страна на родителите прва во светот воведе Шведска, уште во 1966 година. По неа, вакви забрани воведоа уште 54 земји во светот, меѓу кои се и 22 од 28-те актулени членки на ЕУ.

Промовирани огласи »

Топло кафе од KARIERA.mk за студентите на ФИНКИ и ТМФ

Топло кафе од KARIERA.mk за студентите на ФИНКИ и ТМФ

После дружбата на Економски факултет, KARIERA.mk овој пат се дружеше со студентите од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Технолошко-металуршкиот Факултет.

Студентите отворени за комуникација, се информираа за KARIERA.mк и повеќе за нашите бесплатини услуги. Најзаинтересирани беа околу нашите обуки за тоа како да изгледа нивното CV,  како да се претстават себеси во најдобро светло на првото интервју, како да направат мотивационо писмо и како да пребаруваат соодветни огласи за работа.

Целта на оваа дружба е да ги информираме и да им помогнеме при вработување и постигнување на својата цел.

Исто така им доделивме и по некоја награда која се одвива преку хаштаговите #karieramk, #бидимиколешка, #бидимиколега, на социјалните мрежи, како благодарност за издвоеното време.

Следете нè на KARIERA.mk за повеќе информации.

Тагови: ФИНКИ

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »