Промовирани огласи »

Продолжете да уживате: Vip со најнови пост пејд промоции

Vip со гордост ги претставува најновите промоции во мобилната пост пејд телефонија со која на корисниците им овозможува дополнителна вредност, неограничена комуникација и уште повеќе забава независно од локацијата на која се наоѓаат, а на деловните корисн

Вип со гордост ги претставува најновите промоции во мобилната пост пејд телефонија со која на корисниците им овозможува дополнителна вредност, неограничена комуникација и уште повеќе забава независно од локацијата на која се наоѓаат, а на деловните корисници уште повеќе комуникација и кога се во странство.

“Особено сме задоволни што на крајот на летото, периодот што го доживуваме за релаксирање и уживање, лансираме промоции со кои овозможуваме корисниците и натаму да го продолжат уживањето. Корисниците ќе можат да се опуштат со најпопуларните филмови и серии, а што е најважно тоа да го прават независно од локацијата на која се наоѓаат во нашата земја. Дополнително, имајќи ја предвид потребата на бизнисите од неограничена комуникација и контрола на трошоците, Вип им нуди на деловните корисници да одберат понуда со која бизнисот и комуникацијата со соработниците продолжува и кога се во странство. Остануваме верни на нашето ветување - Повеќе за вас.”, изјави Мислав Галер, Извршен директор на Вип.

Со најновата понуда, корисниците кои ќе склучат нов договор или ќе го обноват својот постоечки договор на некоја од Vip Neo М/L/XL тарифните модели добиваат HBO GO 12 месеци и двојно повеќе мобилен интернет. Имено, со избор на новата Vip Neo M тарифа корисниците добиваат можност да ги следат најпопуларните филмски содржини преку HBO GO каде и да се, неограничени минути за разговори и СМС кон сите национални мрежи и двојно повеќе мобилен интернет односно 10GB секој месец.

Преку HBO GO корисниците добиваат можност преку својот мобилен телефон или лаптоп да уживаат во содржините на преку 5000 часови филмска содржина од продукциите на Марвел, Дизни, неповторливата “Игра на тронови” и уште 500 часови продукција со содржини наменети за деца и тоа независно каде и да се наоѓаат на целата територија на Македонија.

Со Vip Neo M тарифата корисниците можат да изберат и нов смарт – телефон односно Nokia 3 за месечен надомест од 99 денари или Samsung Galaxy J6 достапен за месечен надомест од 399 денари.

Знаејќи дека мобилниот интернет е исклучително важен за модерните бизниси, како и овозможувањето на вработените да бидат поврзани и во комуникација, каде и да се, Вип ја воведува најновата промоција, со која деловните корисници добиваат можност да работат и комуницираат и надвор од границите на нашата земја, со целосна контрола на трошоците за интернет сообраќајот, во земјата и во странство.

Со избор на Vip Neo L деловните корисници добиваат 20GB интернет во национална мрежа, а остануваат во тек со својот бизнис и кога се во странство, затоа што сега добиваат 200MB интернет во роаминг секој месец, до крај на договорот. Вклучениот интернет во роаминг може да се користи во 50 оператори/земји во Европа и во САД, меѓу кои: Vip Mobile Србија, A1 Бугарија, Vipnet Хрватска, Vodafone во Грција, Албанија, Турција, Италија, Германија, Шпанија, Telenor Црна Гора, Monaco Telecom Косово, AT&T во САД и други, кои може да ги погледнете на www.vip.mk.

Повеќе информации за промоциите можете да добиете на www.vip.mk, со јавување на 077 1234 како и со посета на продажните места на Вип низ целата земја.  

Промовирани огласи »

Се менуваат правилата за сметките за струја – граѓаните имаат рок од 2 месеци да одлучат

Дали и на слободниот пазар компаниите ќе ги исклучуваат домаќинствата за една неплатена сметка, дополнително ќе се одлучува

600 000 домаќинставата до ноември треба да изберат од кого ќе купуваат струја следната година, кога почнува и целосната либерализацијата на пазарот на електрична енергија.

Регулаторната комисија очекува понуди за домаќинствата да дадат осум компании кои активно работат и имаат лиценци за снабдување. Тие ќе ја одредат цената на струјата но и тоа дали ќе остане евтината тарифа од два часа на ден.
Доколку домаќинстава не потпишат договор со никого, по автоматизам ќе се снабдуваат со струја од универзалниот снабдувач што допрвата треба да биде избран на јавен оглас.

Секое домаќинство, особено малите потрошувачи имаат право од регулираниот пазар да отидат на слобопдниот пазар и да се вратат назад. Рокот е 21 ден. Дали ќе има пшенали зависи од договорите кои ќе потпишат снабдувачите, досега праксата покажала дека за домаќинствата нема казнени пенали, туку се оставаат слободно да избираат. – изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија.

Бислимоски тврди дека правилата за снабдување, кои се направени според новиот Закон за енергетика, се во целосна заштита на потрошувачите. Посебен акцент ќе се стави на ранливите категории кои не смеат да бидат исклучени од струја во зимските месеци.

Очекувам дека покрај стандардните потрошувачи кои примаат одредена социјална помош, опфатот на ранливите клатегории на потрошувачи на кои нема да може да им се исклучува струјата ќе биде зголемен, зоштѕо имаме потрошувачи кои имаат проблем со наплаќањето на струја.– изјави Бислимоски.

Во моментов 93 проценти од потрошувачите редовно си ги плаќаат сметките за струја.
Дали и на слободниот пазар компаниите ќе ги исклучуваат домаќинствата за една неплатена сметка, дополнително ќе се одлучува.

Промовирани огласи »

WizzAir го објави летниот распоред од Скопје за 2019 - картите од 599 денари

Почнувајќи од денес, патниците од Скопје можат да ги резервираат своите карти за нивниот следен летен одмор, службено патување или посета на пријатели од само 599* МКД

Wizz Air, водечката авиокомпанија во Македонија и една од најбрзо растечките авиокомпании во Европа, објави дека нејзиниот летен распоред за 2019 година од аеродромот во Скопје е сега достапен на wizzair.com.

Почнувајќи од денес, патниците од Скопје можат да ги резервираат своите карти за нивниот следен летен одмор, службено патување или посета на пријатели од само 599* МКД. Во следните две недели цените за летната сезона ќе бидат исклучиво достапни за членовите на WIZZ DiscountClub, додека од 13 септември 2018 тие ќе станат достапни за сите.

Без разлика дали барате да резервирате семеен одмор на плажа, или да одите на градска прошетка за да откриете еден од најпопуларните градови во Европа, сигурно има дестинација во разновидната мрежа на Wizz Air за да ја исполни вашата желба. Ги повикуваме патниците да ја посетат wizzair.com и да ги обезбедат најдобрите понуди за нивното следно патување од Скопје. Изјави Сорина Ратц, шеф на Корпоративни комуникации во Wizz Air.

Авиокомпанијата нуди над 1.2 милиони седишта од Скопје за следната година, истакнувајќи ја својата посветеност за донесување на нови можности за патување во земјата со навистина поволни цени. WIZZ во 2019 година нуди 27 директни дестинации до 13 земји во Европа и пошироко.

Тагови: Wizz Air

Промовирани огласи »

Бесплатно чипирање на домашни миленици до март, за Сопствениците кои нема да го сторат тоа казни од 50 до 70 евра

Од 1-ви септември стартува бесплатното микрочипирање на домашните миленици

Агенцијата за храна и ветеринарство денеска најави дека граѓаните кои чуваат куче или мачка ќе можат во ветеринарните амбуланти во сите градови бесплатно да ги чипираат милениците. Обезбедени се 100.000 чипови и на тој начин ќе можат милениците да бидат регистрирани.

Сопствениците на домашните миленици до март наредната година ќе можат бесплатно да им стават чипови, а со минимален намосток да им извадат пасош. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска најави дека граѓаните кои чуваат куче или мачка ќе можат во ветеринарните амбуланти во сите градови бесплатно да ги чипираат милениците. Обезбедени се 100.000 чипови и на тој начин ќе можат милениците да бидат регистрирани.

Кампањата трае до крајот на март, односно додека има микрочипови. Поради тоа ги повикувам сопствениците да ја искористат можноста и што побрзо да завршат со оваа обврска. Доколку милениците не се идентификувани можат да добијат казна која се движи од 50 до 75 евра, посочи директорот на Агенцијата Зоран Атанасов.

Доколку ја искористат можноста да ги чипираат милениците во рамките на кампањата на АХВ, сопствениците ќе треба да платат само 120 денари за пасошот, а во спротивно чипирањето чини 800 денари. Ќе се спроведува во 135 ветеринарни амбуланти низ земјава, а списокот ќе биде достапен на веб страната на Агенцијата.

Процедурата за чипирање е целосно безбедна и безболна за животните, а од друга страна е во интерес на сопственикот бидејќи кога и да биде заловено или изгубено ќе може полесно да се најде и да се врати. Проверката дали некое животно е чипирано или не ќе се врши во прифатилиштата за животни, рече Томислав Николовски, претседател на Ветеринарната комора.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »