Промовирани огласи »

WizzAir го објави летниот распоред од Скопје за 2019 - картите од 599 денари

Почнувајќи од денес, патниците од Скопје можат да ги резервираат своите карти за нивниот следен летен одмор, службено патување или посета на пријатели од само 599* МКД

Wizz Air, водечката авиокомпанија во Македонија и една од најбрзо растечките авиокомпании во Европа, објави дека нејзиниот летен распоред за 2019 година од аеродромот во Скопје е сега достапен на wizzair.com.

Почнувајќи од денес, патниците од Скопје можат да ги резервираат своите карти за нивниот следен летен одмор, службено патување или посета на пријатели од само 599* МКД. Во следните две недели цените за летната сезона ќе бидат исклучиво достапни за членовите на WIZZ DiscountClub, додека од 13 септември 2018 тие ќе станат достапни за сите.

Без разлика дали барате да резервирате семеен одмор на плажа, или да одите на градска прошетка за да откриете еден од најпопуларните градови во Европа, сигурно има дестинација во разновидната мрежа на Wizz Air за да ја исполни вашата желба. Ги повикуваме патниците да ја посетат wizzair.com и да ги обезбедат најдобрите понуди за нивното следно патување од Скопје. Изјави Сорина Ратц, шеф на Корпоративни комуникации во Wizz Air.

Авиокомпанијата нуди над 1.2 милиони седишта од Скопје за следната година, истакнувајќи ја својата посветеност за донесување на нови можности за патување во земјата со навистина поволни цени. WIZZ во 2019 година нуди 27 директни дестинации до 13 земји во Европа и пошироко.

Тагови: Wizz Air

Промовирани огласи »

Бесплатно чипирање на домашни миленици до март, за Сопствениците кои нема да го сторат тоа казни од 50 до 70 евра

Од 1-ви септември стартува бесплатното микрочипирање на домашните миленици

Агенцијата за храна и ветеринарство денеска најави дека граѓаните кои чуваат куче или мачка ќе можат во ветеринарните амбуланти во сите градови бесплатно да ги чипираат милениците. Обезбедени се 100.000 чипови и на тој начин ќе можат милениците да бидат регистрирани.

Сопствениците на домашните миленици до март наредната година ќе можат бесплатно да им стават чипови, а со минимален намосток да им извадат пасош. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска најави дека граѓаните кои чуваат куче или мачка ќе можат во ветеринарните амбуланти во сите градови бесплатно да ги чипираат милениците. Обезбедени се 100.000 чипови и на тој начин ќе можат милениците да бидат регистрирани.

Кампањата трае до крајот на март, односно додека има микрочипови. Поради тоа ги повикувам сопствениците да ја искористат можноста и што побрзо да завршат со оваа обврска. Доколку милениците не се идентификувани можат да добијат казна која се движи од 50 до 75 евра, посочи директорот на Агенцијата Зоран Атанасов.

Доколку ја искористат можноста да ги чипираат милениците во рамките на кампањата на АХВ, сопствениците ќе треба да платат само 120 денари за пасошот, а во спротивно чипирањето чини 800 денари. Ќе се спроведува во 135 ветеринарни амбуланти низ земјава, а списокот ќе биде достапен на веб страната на Агенцијата.

Процедурата за чипирање е целосно безбедна и безболна за животните, а од друга страна е во интерес на сопственикот бидејќи кога и да биде заловено или изгубено ќе може полесно да се најде и да се врати. Проверката дали некое животно е чипирано или не ќе се врши во прифатилиштата за животни, рече Томислав Николовски, претседател на Ветеринарната комора.

Промовирани огласи »

Повеќе од 80 проценти од анкетираните Европејци сакаат да биде тргната практиката на поместување на часовниците и смената на летно и зимско сметање на времето. 

Консултациите на Европската комисија од почетокот на јули до средината на август вклучуваа 4,6 милиони луѓе (помалку од 0,5% од населението на ЕУ). 

Повеќе од три милиони гласови беа дадени во Германија.

Од оние кои претпочитаат да престане да се менува зимско и летно сметање на времето, повеќето сакаат да се задржи летното сметање на времето.

Портпаролката на ЕК пред неколку дена рече дека Европската комисија детално ќе ги испита резултатите пред да даде какви било јавни изјави.

Иако не е правно обврзувачки, консултациите можат да послужат како основа за законодавни активности потребни за да се направат промени во правната рамка. Секоја конечна реформа мора да биде одобрена од Европскиот парламент и земјите-членки.

Што мислите вие за оваа тема, дали ќе биде подобро да се премине само на летно сметање на времето или да остане како што е?

Промовирани огласи »

Kaко од фотелја да се заработат 2000 долари месечно?

Ќе имате слободно време, а за 3 недели ќе заработите доволно за следните 6 месеци

Од дома може да се заработат 2000 долари месечно, и потоа да се живее комотно неколку месеци. 

Но, ваквата работа на различни веб платформи не нуди социјална и здравствена заштита, а на ваков начин работат доста луѓе од Западен Балкан. 

Наместо да се селат во Европа, Канада или Австралија, младите луѓе одлучија да заработуваат дома по европски стандарди.

Платформите Upwork и Toptal нудат можност за фриленс работа со многу подобра заработка од онаа што ја нудат класичните работни места. 

Но, негативните страни се што овие луѓе немаат постојани работодавци, а имаат голема конкуренција од целиот свет. 

„Разликата е во тоа што сте слободни, можете можете навистина добро да живеете, но мора да вложите малку време и напор“ - вели Ѓорѓе, 3 Д уметник од Србија, пишуваат српските медиуми. 

Нема сигурност, но за три недели вели можете да заработите пари за следните шест месеци. 

Многи фриленсери на Балканот не ги пријавуваат своите приходи и не плаќаат данок. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »