Промовирани огласи »

Се менуваат правилата за сметките за струја – граѓаните имаат рок од 2 месеци да одлучат

Дали и на слободниот пазар компаниите ќе ги исклучуваат домаќинствата за една неплатена сметка, дополнително ќе се одлучува

600 000 домаќинставата до ноември треба да изберат од кого ќе купуваат струја следната година, кога почнува и целосната либерализацијата на пазарот на електрична енергија.

Регулаторната комисија очекува понуди за домаќинствата да дадат осум компании кои активно работат и имаат лиценци за снабдување. Тие ќе ја одредат цената на струјата но и тоа дали ќе остане евтината тарифа од два часа на ден.
Доколку домаќинстава не потпишат договор со никого, по автоматизам ќе се снабдуваат со струја од универзалниот снабдувач што допрвата треба да биде избран на јавен оглас.

Секое домаќинство, особено малите потрошувачи имаат право од регулираниот пазар да отидат на слобопдниот пазар и да се вратат назад. Рокот е 21 ден. Дали ќе има пшенали зависи од договорите кои ќе потпишат снабдувачите, досега праксата покажала дека за домаќинствата нема казнени пенали, туку се оставаат слободно да избираат. – изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија.

Бислимоски тврди дека правилата за снабдување, кои се направени според новиот Закон за енергетика, се во целосна заштита на потрошувачите. Посебен акцент ќе се стави на ранливите категории кои не смеат да бидат исклучени од струја во зимските месеци.

Очекувам дека покрај стандардните потрошувачи кои примаат одредена социјална помош, опфатот на ранливите клатегории на потрошувачи на кои нема да може да им се исклучува струјата ќе биде зголемен, зоштѕо имаме потрошувачи кои имаат проблем со наплаќањето на струја.– изјави Бислимоски.

Во моментов 93 проценти од потрошувачите редовно си ги плаќаат сметките за струја.
Дали и на слободниот пазар компаниите ќе ги исклучуваат домаќинствата за една неплатена сметка, дополнително ќе се одлучува.

Промовирани огласи »

WizzAir го објави летниот распоред од Скопје за 2019 - картите од 599 денари

Почнувајќи од денес, патниците од Скопје можат да ги резервираат своите карти за нивниот следен летен одмор, службено патување или посета на пријатели од само 599* МКД

Wizz Air, водечката авиокомпанија во Македонија и една од најбрзо растечките авиокомпании во Европа, објави дека нејзиниот летен распоред за 2019 година од аеродромот во Скопје е сега достапен на wizzair.com.

Почнувајќи од денес, патниците од Скопје можат да ги резервираат своите карти за нивниот следен летен одмор, службено патување или посета на пријатели од само 599* МКД. Во следните две недели цените за летната сезона ќе бидат исклучиво достапни за членовите на WIZZ DiscountClub, додека од 13 септември 2018 тие ќе станат достапни за сите.

Без разлика дали барате да резервирате семеен одмор на плажа, или да одите на градска прошетка за да откриете еден од најпопуларните градови во Европа, сигурно има дестинација во разновидната мрежа на Wizz Air за да ја исполни вашата желба. Ги повикуваме патниците да ја посетат wizzair.com и да ги обезбедат најдобрите понуди за нивното следно патување од Скопје. Изјави Сорина Ратц, шеф на Корпоративни комуникации во Wizz Air.

Авиокомпанијата нуди над 1.2 милиони седишта од Скопје за следната година, истакнувајќи ја својата посветеност за донесување на нови можности за патување во земјата со навистина поволни цени. WIZZ во 2019 година нуди 27 директни дестинации до 13 земји во Европа и пошироко.

Тагови: Wizz Air

Промовирани огласи »

Бесплатно чипирање на домашни миленици до март, за Сопствениците кои нема да го сторат тоа казни од 50 до 70 евра

Од 1-ви септември стартува бесплатното микрочипирање на домашните миленици

Агенцијата за храна и ветеринарство денеска најави дека граѓаните кои чуваат куче или мачка ќе можат во ветеринарните амбуланти во сите градови бесплатно да ги чипираат милениците. Обезбедени се 100.000 чипови и на тој начин ќе можат милениците да бидат регистрирани.

Сопствениците на домашните миленици до март наредната година ќе можат бесплатно да им стават чипови, а со минимален намосток да им извадат пасош. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска најави дека граѓаните кои чуваат куче или мачка ќе можат во ветеринарните амбуланти во сите градови бесплатно да ги чипираат милениците. Обезбедени се 100.000 чипови и на тој начин ќе можат милениците да бидат регистрирани.

Кампањата трае до крајот на март, односно додека има микрочипови. Поради тоа ги повикувам сопствениците да ја искористат можноста и што побрзо да завршат со оваа обврска. Доколку милениците не се идентификувани можат да добијат казна која се движи од 50 до 75 евра, посочи директорот на Агенцијата Зоран Атанасов.

Доколку ја искористат можноста да ги чипираат милениците во рамките на кампањата на АХВ, сопствениците ќе треба да платат само 120 денари за пасошот, а во спротивно чипирањето чини 800 денари. Ќе се спроведува во 135 ветеринарни амбуланти низ земјава, а списокот ќе биде достапен на веб страната на Агенцијата.

Процедурата за чипирање е целосно безбедна и безболна за животните, а од друга страна е во интерес на сопственикот бидејќи кога и да биде заловено или изгубено ќе може полесно да се најде и да се врати. Проверката дали некое животно е чипирано или не ќе се врши во прифатилиштата за животни, рече Томислав Николовски, претседател на Ветеринарната комора.

Промовирани огласи »

Повеќе од 80 проценти од анкетираните Европејци сакаат да биде тргната практиката на поместување на часовниците и смената на летно и зимско сметање на времето. 

Консултациите на Европската комисија од почетокот на јули до средината на август вклучуваа 4,6 милиони луѓе (помалку од 0,5% од населението на ЕУ). 

Повеќе од три милиони гласови беа дадени во Германија.

Од оние кои претпочитаат да престане да се менува зимско и летно сметање на времето, повеќето сакаат да се задржи летното сметање на времето.

Портпаролката на ЕК пред неколку дена рече дека Европската комисија детално ќе ги испита резултатите пред да даде какви било јавни изјави.

Иако не е правно обврзувачки, консултациите можат да послужат како основа за законодавни активности потребни за да се направат промени во правната рамка. Секоја конечна реформа мора да биде одобрена од Европскиот парламент и земјите-членки.

Што мислите вие за оваа тема, дали ќе биде подобро да се премине само на летно сметање на времето или да остане како што е?

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »